• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Третман на ракот на јајчникот Печати
Индекс на артикл
Третман на ракот на јајчникот
Хируршки третман
Хемотерапија
Радиотерапија
Хормонската терапија кај епителните оваријални карциноми
Имунотерапија и Терапија на рецидивите на болеста
Сите страници

За одредување на најадекватна терапија за одделна пациентка, се разгледуваат многу фактори, како на пример: стадиумот на болеста, градусот на туморот, возраста на пациентката нејзината општа состојба и други фактори. Секоја пациентка треба да се разгледува одделно и да се избере најдобрата тераписка опција за неа.

Задолжително е конзилијарно одлучување за изборот на терапијата кај секој одделен случај, а тој конзилиум го сочинуваат тим на лекари од повеќе области на медицината. Во тој тим се вклучени: гинеколозите, радиотерапевтите и онколозите радиолозите, патолозите, анестезиолозите, а по потреба и интернистите (кардиолог, пулмолог, ендокринолог, трансфузиолог, нефролог). Тие заедно го разгледуваат секој случај на рак на јајчник и донесуваат одлука за начинот на третманското водење, кај секоја пациентка одделно.

Расположиви тераписки опции за ракот на јајчникот се:

  • хируршки третман,
  • радиотерапија,
  • хемотерапија,
  • хормонотерапија,
  • имунотерапија.

Кој од овие тераписки опции, или нивна коминација, ќе се примени, зависи од сите претходно наведени фактори.