• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Канцер (рак) Печати

Малигните заболувања се наоѓаат на второ место по честота на јавување по кардиоваску-
ларните болести. Нивната инциденца рапидно се зголемува и постојат големи шанси овие заболувања да избијат на прво место.

Во светот, а посебно кај нас, на нашиве простори, ракот е сеуште табу тема. Обично, кога ќе се спомне зборот рак или карцином, тој предизвикува вознемиреност, страв, депресија не само кај заболениот, туку и кај членовите на неговото блиско семејство, пријателите и колегите и обично зборот РАК го поистоветуваат со смртта. За малигните заболувања ретко се говори отворено.

Кога ќе се спомне зборот РАК, сите замолкнуваат. Неговото име се изговара со специфичен тон. Асоцијацијата на ракот и смртта можеби и била оправдана пред околу 30 и повеќе години, но сега веќе не е така. Ракот денеска многу поуспешно се дијагностицира и лекува, но сепак останува табу-тема. Зошто е тоа така?

Дознајте повеќе...

Лекување на малигните заболувања

По поставувањето на дефинитивната дијагноза на карциномот и одредувањето на стадиумот на болеста, се пристапува кон третманот на малигното заболување.

Повеќе