• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Нови техники на лекување и третмани
Нови третмани, лабораториски иследувани,...

Изведена „Da Vinci“ роботизирана тотална ларингектомија Печати

Група француски доктори, со помош на роботизираниот хируршки систем „Da Vinci“, извршила целосно одстранување на гркланот (тотална ларингектомија) кај пациент со рак на грклан (ларинкс).

Повеќе...
 
Da Vinci роботизирана простатектомија -одстранување на ракот на простатата со помош на робот Печати

Во една лондонска болница се применува нова техника на оперирање на ракот на простата. Наместо хирург, скалпелот го држи робот. Во Велика Британија само неколку доктори се обучени за изведување на роботизирана простатектомија.

Повеќе...
 
Ракот и сидата Печати

Лицата заболени од сида имаат поголем ризик за развој на малигни заболувања. Се смета дека причината за вака зголемениот ризик е намалениот имунитет.

ХИВ вирус - вирус на СИДА

ХИВ вирусот (Human Immunodeficiency Virus) го напаѓа имунолошкиот систем кај човекот, поради што организмот станува неспособен да се бори и против обичните инфекции, Сида (синдром на стекнат недостатот на имунитет) или AIDS (Acquired Immuno-Deficiency Syndrome) е термин кој се користи кога имунолошкиот систем на едно лице е толку оштетен со ХИВ вирусот што бројот на крвните елементи за борба против инфекциите т.н. помагачи на Т лимфоцитите (CD4 клетки) паѓа од 800-1050 на помалку од 200 по милилитар на крв во крвотокот.

Повеќе...
 
Dr. Keshtgar: Фотодинамична терапија – нова надеж за пациентките со рак на дојка Печати

Неинвазивниот третман за рак на дојка ќе биде презентиран на овогодишната научна изложба „Royal Society Summer Science Exhibition“ . Научниците, предводени од експертот за рак на дојка, Dr. Mo Keshtgar, први ја користат фотодинамична терапија за откривање и третман на најчестиот рак кај жената – ракот на дојката.

Повеќе...
 
Новиот роботизиран радиохируршки систем под името Сајбернајф прецизно ги убива туморите Печати

Дека техниката во светската медицина напредува со гигантски чекори докажува и најновиот роботизиран радиохируршки систем под името Сајбернајф (CuberKnife System). Овој систем пружа можност за ефикасно лекување на честите малигни, но и на некои бенигни тумори, и на пореметувањата во развојот, локализирани во различни делови на телото: главата, белите дробови, црниот дроб, панкреасот, простатата, бубрезите, во било кој дел на рбетот од врвот до дното, како и во поново време во лекување на туморите на хранопроводникот и на дебелото црево, како и на низа други заболувања.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>

Страница 1 од 3