• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Жените треба да пазат на алкохолот

Во истражувањето, кое е спроведено на Катедрата за епидемиологија на познатиот британски Универзитет Оксфорд, биле разгледувани податоците собрани од повеќе од еден милион жени во средни години.

Резултатите од истражувањето се објавени во „Journal of the National Cancer Institute“. Тие укажуваат дека 13% од случаите на рак на дојка, на црн дроб, на дебело црево, на уста и на грло, се поврзани со консумација на алкохол.

Научниците откриле дека кај жените ризикот за рак на дојка, рак на црн дроб и рак на дебело црево се зголемувал со секој алкохолен пијалок кој ќе го испијат во текот на денот.

Sara Hiom, водителката на информативниот оддел на британското здружение за истражување на ракот, рекла: Ова најново истражување покажува дека дури и релативно мали количини на алкохол го зголемуваат ризикот за рак“.

„Важно е да жените бидат добро информирани, како би можеле да донесат одлука за тоа колку алкохол ќе пијат“, додала Sara Hiom.

Истражувачите истакнале дека алкохолот го зголемува ризикот за рак на уста, рак на горниот дел на грлото, рак на душникот, рак на дојката, рак на цревта и рак на црниот дроб.

 

Најчитани наслови