• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Јаболките - чувари на нашето здравје

Докажано е дека јаболкото е многу здраво овошје. Ако изедеме две јаболки дневно, веќе сме направиме многу за зачувување на нашето здравје. Јаболкото кое, како што многу веруваат, на нашата трпеза дошло директно од рајот, не е само симбол на грев, страст и љубов, туку и симбол на вечна младост. Према келтските преданија, јаболкото има чудотворни својства, па оној кој ќе успее да изеде јаболко од волшебната градина не само што веќе никогаш нема да биде гладен и жеден, туку никогаш нема да биде болен и нема да остари.

Секако во секоја бајка, па така и во оваа, има и вистина. Јаболкото, благодарение на состојките кои ги содржи во себе, е многу здрава намирница. Иако со јаболкото не можеме да излечиме ниту една болест, со негово секојдневно консумирање можеме да спречиме појава на многу здравствени проблеми и заболувања.

Навистина, како што вели една стара англиска поговорка „An apple a day keeps the doctor away“, ако изедеме една или две големи јаболки дневно, сме направиле многу за нашето здравје.

Јаболкото е навистина права ризница на состојки кои позитивно влијаат на нашиот организам. Во зависност од сортата, 100 g јаболки содржат околу 85 g вода, 10,9 g јагленохидрати, и 3 g растителни влакна. Во јаболкото има и 40 mg витамин Ц, потоа витамини А, Е, Б1, Б2, Б6 и бета-каротин. Јаболкото содржи и минерали, многу калиум (100 до 180 mg), потоа калциум, фосфор, магнезиум и железо.

Благодарение на големата количина а јагленохидрати, посебно на фруктоза и гликоза, јаболкото го снабдува организмот со енергија и го спречува заморот и губитокот на концентрација.

Иако некои сорти на овошје се многу побогати со витамин Ц, благодарение на комбинацијата на овој витамин со минералите и другите корисни состојки во јаболката, таа го јакне имунолошкиот систм на организмот и многу е ефикасна во борбата против вирусите, бактериите и штетното делување на слободните радикали.

Поради своите корисни состојки, јаболкото штити од настинка, а во борбата против малигните заболувања докажано е, на пример, дека го намалува ризикот за развој на рак на дебело црево.

Каротинот од јаболкото не штити од влијанието на штетните УВ- зраци. Јаболкото, покрај другото, и поради тоа што содржи пектин и целулоза, го регулира варењето на храната во дигестивниот тракт, ја стабилизира цревната флора, па помага при потешкотии во варењето, посебно при пролив или запек.

Јаболкото позитивно делува и на срцето и на крвните садови. Го спречува натрупувањето на штетните материи во крвта, го намалува нивото на зголемениот холестерол во крвта и го спречува зачепувањето на крвните садови, што го намалува и ризикот од тромбоза и атеросклеоза. Јаболкото позитивно делува и на работата на срцето.

Бидејќи јаболкото содржи многу калиум, тоа го поттикнува излачувањето на вишокот на течности од организмот. Често се користи и во многу диети за намалување на телесната тежина. Јаболкот е богато со влакна кои набубуваат во желудникот и ствараат чувство на заситеност и го намалуваат апетитот. Јаболката е неодминлива во сите диети, со цел намалување на килограмите.

Јаболкото позитивно влијае и на бубрезите, црниот дроб, жолчката и жолчните патишта. Поради своите својства, јаболкото е додатно природно средство за ублажување на различни тегоби и се користи во исхраната на болните. Така, се користи при болести на мочниот меру и мочните патишта, при шеќерна болест, болести на срцето и крните садови, бубрезите и црниот дроб.

Јаболкото, поради тоа што содржи калциум и фосфор, позитивно влијае и на коските и забите. Флуорот од јаболкото го спречува кариесот на забите и ја одржува нормалната усна флора. Со џвакањето на јаболкото се чистат забите и се уништуваат штетните бактерии во усната шуплина.

Но, освен што е корисно за здравјето, јаболкото не одржува и во одлична психо-физичка форма. Јагленохидратите, посебно фруктозата и гликозата, го снабдуваат организмот со потребната енергија и го спречуваат заморот.

Бидејќи содржи скоро 90 % вода и воошто не содржи масти, јаболкото успешно ја гаси жедта и освежува после напорен тренинг.

Во јаболкото се крие и серотонин, па е корисно и за подигање на нашето расположение. Јаболкото ја смирува и ублажува неурозата и раздразливоста, и е корисно природно средство за смирување и за мирен сон.

 

Прочитајте и: