• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Успешно излекување на пациенти со леукемија и рак на коскена срж

Кинеските лекари успешно и безбедно излечиле пациенти со леукемија и рак на коскената срж, комбинирајќи арсеник и витамин А, потврдува најновата студија објавена во Хонг Конг.

Научниците ја давале терапијата на 85 пациенти и ги следеле во просек од 70 месеци. Кај 80 пациенти дошло до целосно излекување и лекарите не пронашле никакви несакани ефекти врз функцијата на срцето и бубрезите.

"Две години по терапијата, пациентите и понатаму имаа арсен во крвта и мочката, но во дозволените граници", се наведува во истражувањето. Научниците наведуваат дека терапијата била ефикасна и делувала подобро од вообичаените лекови. Авторите на студијата нагласуваат дека ваквата терапија би требало да се дава само на пациентите со одредени видови на леукемија и рак на коскената срж.

Иако стручњаците верувале дека А-витаминот е добар додаток со некоја терапија, прв пат се користи на овој начин и во толку долг период.

Од 18-от век, состојките на арсенот се користат како лек. Американското министерство за здравје ја одобри употребата на арсенот за лечење на пациентите со рак на коскена срж и леукемија веќе од 2000-та година.

 

Најчитани наслови