• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Нов ген одговорен за настанувањето на меланомот

Британските научници откриле нов ген кој игра решавачка улога во развојот на најсмртоносната форма на рак на кожа, меланом. Онколозите од британскиот „Sanger Institute“ направиле значаен чекор напред во истражувањето на досега непознатите карактеристики на човечкиот геном.

Утврдиле дека генот има „склоност“ да мутира во 70% од случаите на малигниот меланом. Кога овој ген нормално функционира, тој го контролира растот на клетките во човечкиот организам. Ракот на кожата, меланомот, е серизна малигна болест, од која, секоја година само во Велика Британија заболуваат 60.000 луѓе

„Ова откритие е значајно бидејќи ја открива генетската основа на меланомот, но и отвара можност за побрзо пронаоѓање на потенцијално ефикасен лек“, изјавил Dr. Andy Futreal, шеф на екипата, која во рамките на проектот „Cancer Genome Project“ на Sanger Институтот извршила повеќегодишни истражувања.

Ова откритие, чии детали се објавени во научниот часопис „Nature“, е прв плоден резултат на проектот за истражување на човечкиот геном, најголемо светско истражување за улогата на гените во настанувњето на ракот.

Тое е, во исто време, и првата опиплива корист од опсежното истражување на човечкиот геном, бидејќи направила права „револуција“ во истражувањето на гените поврзани со ракот.

Генот, кој се нарекува B-RAF, најголем дел од својата структура ја „дели“ со друг ген поврзан со појавата на ракот, наречен ABL ген, чии мутирани форми се наоѓаат кај заболените од многу видови на леукемија. Лекот, кој го спречува функционирањето на ABL протеините, го означил и успехот во лекувањето на хроничната миелоидна леукемија.

„Многу сме задоволни од резултатите од истражувањето, бидејќи B-RAF и ABL гените припаѓаат на иста врста на протеини. Тие поседуваат истоветни биолошки функции“, изјавил Dr. Mike Stratton, директор на „ Sanger Institute Faculty Research“.

„Доколку успееме да пронајдеме молекула која ќе ја спречи активноста на ABL, сосема е извесно дека сме на трагот за молекулата која го спречи делувањето и на B-RAF-генот“, смета Dr. Mike Stratton.

Сепак тој потсетил дека научниците, иако успешно го пратат делувањето на молекулите на спречувањето на активноста на B-RAF, сметаат дека тој факт само ги отвара патиштата за понатамошни идни истражувања, а не за конечно излекување.

„Мораме да го скротиме својот оптимизам со добра доза на внимание. Ракот е пеколна sверка, неговите видови се непредвидливи и болеста не реагира на лековите на тој начин како што сакаме ние“ заклучил " Dr. Stratton.

 

Најчитани наслови