• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Најнови препораки на АCS за скрининг на грло на матка Печати

Американското здружение за рак (American Cancer Society, ACS), со почеток од 2000 година, секоја година ги објавува препораките за рана детекција („screening“) на карциномите, во часописот „Cancer Journal for Clinicians“.

Препораките се ревидираат најмалку еднаш во 5 години, а во случај на нови докази или препораки за скрининг за карциномите, тие се објавуваат, публикуваат и презентираат на јавноста и здравствените установи и многу почесто.

Во 2007 година, American Cancer Society ги објавува новите препораки и критериуми за успешен скрининг за најчестите карциноми, бидејќи новини во американските препораки за рана детекција на карциномот, во текот на 2006 година немало.

Денешните препораки за скрининг на грлото на матката се одраз на моментните разбирања и сознанија за цервикалната интраепителна неоплазија (CIN) како преканцерозна лезија, како и за важноста на хуманиот папилома вирус во етиологијата на самиот рак на грлото на матката.

Според ACS препораките, со скрининг за рак на грлото на матката би требало да се започне по 3 години од стапувањето во секуални односи, но не покасно од 21 година. Еднаш годишно се спроведува конвенционален ПАПА тест, или ако се спроведува на ликвидниот ПАПА тест, тој се изведува секоја втора година.

Од 30-тата година, кај жените кои имале 3 нормални наоди на ПАПА тест (негативна цервикална цитологија, негативен конвенционален или ликвиден ПАПА тест) секоја 2 – 3 година се прави конвензионален ПААП тест, или секоја 3-та година да се прави DNK тест за HPV и плус ПАПА тест.

Жените кои ќе го изберат HPV DNK тестирањето треба да бидат информирани дека инфекцијата со HPV вирусот е многу честа кај жените кои се сексуално активни. Позитивните резултати од HPV тестот докажуваат присуство на полово стекната инфекција. Позитивниот HPV тест не значи и присутност на карцином, а повеќето пациентки, кои се позитивни на HPV, немаат напредната цервикална неоплазија (CIN).

Жените од 70 години и постари, кои имале 3 или повеќе нормални наоди на ПАПА тестот, а немале ни патолошки резултати од цервикалната цитологија во последните 10 години, како и жените кои имале тотална хистеректомија или остранување само на грлото на матката (конизација), можат да престанат со скрининг за рак на грлото на матката.

Од 2005 година, ACS започнува со креирање на препораки, и со препораки за користење на профилактична вакцина за HPV инфекциите, со цел да се превенира CIN и ракот на грлото на матката.

Важно е да се истакне дека со скрининг за рак на грлото на матката треба да се продолжи и кај лицата кои примиле вакцина против HPV вирусите.