• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Најнови препораки на АCS за скрининг на рак на тело на матка Печати

Американското здружение за рак (American Cancer Society, ACS), со почеток од 2000 година, секоја година ги објавува препораките за рана детекција („screening“) на карциномите, во часописот „Cancer Journal for Clinicians“.

Препораките се ревидираат најмалку еднаш во 5 години, а во случај на нови докази или препораки за скрининг за карциномите, тие се објавуваат, публикуваат и презентираат на јавноста и здравствените установи и многу почесто.

Во 2007 година, American Cancer Society ги објавува новите препораки и критериуми за успешен скрининг за најчестите карциноми, бидејќи новини во американските препораки за рана детекција на карциномот, во текот на 2006 година немало.

Во 2001 година, ACS заклучил дека се недоволни досегашните докази за да се изработат препораки за скрининг на ракот на еднометриумот, како кај жените со просечен, така и кај жените со зголемен ризик (естрогена терапија, лекување со тамоксифен, касна менопауза, нероткињи, неплодност или неможна овулација, гојазност, зголемен крвен притисок, шеќерна болест).

ACS затоа препорачува да сите жени со просечен и зголемен ризик за рак на ендометриум (слузница на телото на матката), со почетокот на менопаузата, бидат информирани за ризиците и симптомите за ракот на еднометриумот (посебно неочекувано дискретно или поинтензивно генитално крварење), па треба да се охрабрат да веднаш го информираат својот лекар за новонастанатите симптоми и знаци за ракот.

Стандардна метода за рана дијагноза на ракот на еднометриумот и понатаму е биопсијата на ендометриумот со хистопатолошка анализа на земениот материјал со биопсијата.