• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Магнезиум – антистрес минерал

Ако тешко станувате наутро, ако во текот на денот сте напнати и имате слаба коцентрација, ако навечер тешко заспивате, можеби патите од недостаток на магнезиум во организмот.

Магнезиумот има многу важна улога во врзувањето на калциумот во коските и во опуштањето на мускулите. Тој учествува и во регулирањето на срцевиот ритам и го намалува нивото на холестерол во крвта. Овој олигоелемент го регулира работењето на цревата, посебно во случај на постоење на запек. Кај трудиците, магнезиумот ја намалува опасноста од спонтан абортус и предвремено породување.

Дневните потреби на човечкиот организам за овој биоелемент изнесуваат 6 милиграми по килограм телесна тежина. Тоа значи дека лице кое е тешко 50 килограми би тебало дневно да внесува околу 300 милиграми магнезиум.

Недостаток на магнезиум се јавува ако не го внесуваме доволно со храната или ако имаме зголемени потреби за овој олигоелемент, како што е случај при бременост и доење. Болестите кои можат да доведат до недостаток на магнезиум се: заболувања на бубрезите, шеќерна болест, наследни заболувања, алкохолизам...

Поради недостаток на магнезиум доаѓа до преосетливост на нервниот систем, до раздразливост, нервоза, грчеви на мускулите, пореметена работа на срцето и на органите за варење.

Недостатокот на магнезиум доведува до недоволното искористување на калциумот, за потребите на организмот. Исто така, недостатокот на магнезиум се поврзува и со појавата на малигните заболувања.

Кој треба да зема магнезиум

Потребите за магнезиум се зголемуваат во текот на растењето, бременоста или доењето. Кај младите, недостатокот може да предизвика нестабилност на карактерот и претерана вознемиреност. За спортистите, магнезиумот е стимулативно сретство, кое се излачува со мочката.

Во случаи на прекумерно консумирање на алкохол, на шеќерна болест, пролив, земање на диуретици и некои контрацептивни таблети богати со естроген, се зголемува излачувањето на магнезиумот преку мочката. Затоа, во тие случаи, доколку не се внесува магнезиумот во доволни количини со храната, може лесно да дојде до негов недостаток во организмот.

Лошата и неправилно избалансирана исхрана доведува до недостаток на овој олигоелемент.

Избегнете го недостатокот на магнезиум

Магнезиумот е неопходен за функционирање на многуте ензими во организмот, за одржување на клеточната мембрана. Тој учествува во повеќе од 300 биохемиски реакции кои се одвиваат во телото. Поради големата важност на магнезиумот за очувувањето на здравјето на човекот, потребно е во својата исхрана да го вклучиме интегралниот леб, како и интегралниот ориз, кој содржи дури 5 пати повеќе магнезиум, отколку белиот, рафиниран ориз. Треба да користиме морска сол, наместо рафинирана. Треба да јадеме сув зеленчук: леќа, леблебии, како и зелен зеленчук, боранија, брокула, спанаќ. Не треба да ги заборававиме и бадемите, оревите, лешниците, сувите смокви и кајасии, авокадото и лукот. 100 грама црна чоколада со 70% какао, обезбедува 11 милиграма магнезиум. Минералната вода содржи повеќе од 70 милиграми магнезиум по литар.

Каде го има магнезиумот?

Бананите се добар извор на магнезиум. Овошјето и зеленчукот со темнозелена боја, исто така, содржи големи количини на магнезиум. Хлорофилот, главниот пигмент на овие билки, кој им ја дава и карактеристичната темнозелена боја, богат е со магнезиум. Не треба да се заборават и интегралните житарици, јатчестите плодови, гравот и мешункастите плодови. Внесувајте го магнезиумот со храна, а не со вештачки препарати.

Просечна дневна доза на магнезиум за мажите изнесува 350 mg, а за жените 280 mg.

  • две парчина интегрален леб (40 g) = 30 mg магнезиум,
  • 125 g интегрален ориз = 55 mg магнезиум,
  • 200 g спанаќ = 92 mg магнезиум,
  • една банана = 45 mg магнезиум,
  • една шака бадеми (30-40 g) = 90 mg магнезиум,
  • 2-3 коцки црна чоколада = 35 mg магнезиум.
 

Прочитајте и: