• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Како да го спречиме ракот? Печати

После кардиоваскуларните заболувања, во светот најмногу луѓе умираат од малигните тумори. Ракот во светот од година на година однесува се поголем број животи. Според проценките на Светската здравствена организација (СЗО) денес повеќе од 25 милини луѓе живеат со рак.

Истражувањата на научниците од Американскиот институт за истражување на ракот и од Светскиот фонд за истражување на ракот покажуваат дека бројот на малигните заболувања би можел да се намали за една третина доколку луѓето би користеле помалку масти и шеќери во исхраната, доколку би биле физички поактивни, но и кога би ги оставиле цигарите, кои се одговорни за настанување на една третина од сите малигни заболувања.

Токму ова ги потврдува тврдењата на научниците дека на повеќе од 80% од сите малигни заболувања може да се влијае со спречување на факторите на ризик за појава на заболувањата. Сепак, доколку се кај некој открие дека боледува од оваа сериозна болест, лекарите објаснуваат дека нејзиниот исход е можно да се подобри со раното откривање, адекватната терапија и со рехабилитацијата.

Статистиката на белградскиот Завод за јавно здравје покажува дека бројот на новозаболени лица во Белград е зголемен за три пати во последниве 10 до 15 години, односно во 2007 година на секои 100 жители биле регистрирани 3 – 4 лица кои живеат со некоја малигна болест.

Додека мажите најчесто заболуваат од рак на бели дробови, рак на кожа, на дебело црево и ректум, на простата и на мочен меур, кај жените и понатаму е најголем проблем ракот на дојката, на матката, на кожата , на дебелото црево и на белите дробови.

Лекарите нагласуваат дека треба повеќе да се работи на превентивата и, бидејќи ракот на дојката е водечки кај жената, треба да се објасни дека ова малигно заболување може да се открие во раната фаза, и тоа со помош на ултразвук, мамографија и магнетна резонанца на дојките.

Ултразвукот е суверена метода за преглед на малите дојки, а на постарите жени кои немаат повеќе хормонска активност, им се советува мамографија еднаш годишно, после 40-тата година. Магнетната резонанца се прави доколку постои сомневање за постоење на некоја промена на дојката, велат лекарите.

Жените кои имаат генетска предизпозиција за рак на дојка (позитивна фамилијарна анамнеза) треба да направат генетски скрининг, кој ќе покаже дали постои генетски ризик за настанување на рак на дојка.

Од големо значење за раното отривање на ракот на дојката е и самопрегледот на дојките, кој треба да го прави секоја жена, еднаш месечно.

Вистинска работа е да во средните училишта, во рамките на некој предмет, се воведе и здравствено воспитување и едуцирање.Искуствата покажуваат дека децата се заинтересирани за тоа, бидејќи секогаш кога се одржуваат вакви предавања, учениците поставуваат бројни прашања.

За да се намали ризикот за рак, постојат неколку совети кои ги препорачуваат научниците и лекарите.

Потребно е повеќе пешачење. Треба е да се обезбедат повеќе патеки за пешаци и велосипедисти, кои би им овозможиле на луѓето да бидат физички поактивни.

Потребна е здрава исхрана. Треба да се обезбеди поголем избор на здрава храна и намирници и да се обезбеди поволна цена на здравите и квалитетни намирници. Треба да се забранат рекламите за алкохолните и другите нездрави пијалоци и нездрава храна, која се наоѓа во близината на училиштата.

Во исхраната треба да се избегнува бел шеќер, бела сол, и бело брашно, како и храна припремена со многу конзерванси и намирници полни со хербициди. Наспроти тоа, треба да е користи жолт шеќер, морска сол и интегрално брашно. Треба да се зголеми внесот на интегрални житарици. Треба да се јаде што повеќе зелен зеленчук и овошје, а да се намали внесот на месо со исхраната.

Одлична превентивна мерка е да луѓето не се изложуваат премногу на сончевите зраци и да не „фаќаат боја“ во солариумите, бидејќи зголеменото УВ зрачење е штетно за кожата и го зголемува ризикот за рак на кожа.

 

Прочитајте и: