• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Бор – елемент во траги во организмот, но од животна важност за здравјето

Меѓу состојките на храната, минералите завземаат посебно место. Тие се важни елементи на сите клетки, неоходни за стварањето на крвта и коските, како и за одржување на здравјето на нервниот и ендокриниот систем.

Класична дефиниција на минералите кои влегуваат во составот на нашиот организмам би била: Тоа се материи кои се наоѓаат во организмот во многу мали количини, некои скоро во траги (по тоа и до добиле својот назив – „елементи во траги“), но се неопходни за нормалното функционирање на човечкиот матаболизам.

Некогаш се мислело дека само 4 елементи (железо, бакар, јод и цинк) се неопходни за нормално функционирање на организмот. Во текот на последниве 30 години, на овој список на потребни елементи, се додадени уште десетина, но најверојатно ни тоа не е конечниот број.

Бор е микроелемент откриен во 1910-тата година. Според своите концентрации со кои е застапен во човековиот организам, борот спаѓа во групата на елементи во траги. Овој есенцијален минерал е потребен во екстремно мали количини во организмот (3 милиграми).

Многу малку луѓе знаат за важноста на борот и за неговите функции во организмот. Па дури и научниците не ги откриле сите фунцки на овој микроелемент. Но едно е сигурно, борот е неоходен микроелемент и иако се наоѓа во траги во нашиот организат тој е од животна важност за негово правилно функционирање.

Од втората деценија на минатиот век, борот се смета за важен елемент за растењето, а дури од неодамна е утвредено дека борот е минерал кој е од голема важност за здравјето на човекот.

Борот е неопходен за изградба на коските и за нивно одржување во здрава состојба. Потоа, борот е важен за клеточните мембрани, кои се апсолутно неоходни за нормално функционирање на клетките.

Борот е и кофактор во некои ензимски реакции во организмот.

Ако не се јаде доволно овошје, посебно јатчесто овошје, не се внесува доволно бор во организмот, а тоа може да доведе до пореметување на метаболизмот на калциумот, поради што може да дојде до развој на остеопороза.

Покрај тоа, борот драстично го зголемува нивото на естрогенот во крвта (исто како и препаратите од овој хормон), а го зголемува нивото и на другите состојки кои го спречуваат губитокот на калицумот од организмот и со тоа ја спречува деминерализацијата на коските, односно остеопорозата. Ова е посебно важно за жените во постменопауза.

На организмот му се потребни само 3 милиграми за да може нормално да ги обавува виталните животни функции. Оваа дневна количина на бор може да се обезбеди, на пример, со две јаболки и 100 грама кикирики (се разбира несолени).

Оваа количина од 3 милиграми го намалува губитокот на калциумот за цели 40%. Освен што го има во јатчестото овошје (лешник, бадем) и кикириките, борот го има и во јаболките, крушите, грозјето, урмите, праските, мешункастиот зеленчук, во сојата, но и во медот, виното, пивото.

Симптомите на недостаток на бор кај луѓето не се доволно испитани, а кај животните, дефицитот се манифестирал за успорен раст.

Вишокот на овој минерал во организмот доведува до мачнина и гадење, пролив, осип по кожата и летаргија. Ако борот го има во водата за пиење повеќе од 150 милиграми по литар, може да предизвика симптоми на интоксикација.

 

Прочитајте и: