• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Скрининг тестови за белодробниот карцином Печати

Бројни клинички студии ја испитуваат улогата на скринингот за белодробниот карцином. Во овие студии, пушачите (кои се со висок ризик) биле поделени во две групи. Кај едната група на пушачи се спроведувале скрининг тестови, додека кај другата група тие не се спроведувале. Двете групи биле следени повеќе години.

Податоците добиени од овие студии, до денес не покажаа дека скринингот за белодробниот карцином помага во намалувањето на смртноста кај човекот. Поради ова, експертите сеуште не го препорачуваат скринингот.

Сепак, податоците од овие студии се предмет на бројни дебати. Дел од експертите сепак го посочуваат фактот дека резултатите покажале како скринигот помага при процесот на рано дијагностицирање и пет-годишниот период на преживување. Сепак, критичарите пак напоменуваат како податоците се тешки за толкување. Дебатата на оваа тема и понатаму продолжува и сé повеќе студии почнуваат да се спроведуваат како би можеле подобро да ја разбереме улогата на скрининг студиите за белодробниот карцином.

Поради недостаток на податоци за ефикасноста на скринингот за белодробниот карцином, повеќето од испитувањата разгледани подолу не се автоматски и препорака, но само се понудени на пушачите како дел од тековни клинички студии. Единствен исклучок претставува годишното рентген снимање на градите.

Рентденграфија на градниот кош - Повеќе медицински установи стандардно препорачуваат годишно рендгенграфско снимање на градниот кош за пациентите кои пушат. Некој експери, при анализирањето на резултатите добиени од клиничките студии, дошле до заклучок дека ваков редовен годишен преглед е корисен за пациентите со белодробен карцином.

Спроведени се две големи студии со цел да се дознае дали почестите рендгенографски прегледи помагаат при скрининг процесот кај белодробниот карцином. До сега, овие студии не покажале директен бенефит од ова, во смисла на намалување на смртноста кај белодробниот карцином,. кај пациентите кои имале почести рендгенографски прегледи, повеќе белодробни карциноми биле откриени во почетните фази, тие биле почесто отстранувани по хируршки пат и пациентите имале подолг период на преживување (од моментот на дијагностицирањето), отколку пациентите кои имале понередовни рендгенографски прегледи.

Сепак, крајниот процент на смртноста кај белодробниот карцином не бил значително намален.

Компјутерската томографија (КТ скен) - Студиите направени кај компјутерската томографија (КТ скен) на белите дробови покажале дека тој помага при рано откривање на белодробниот карцином, но сеуште не е јасно дали ова ќе влијае на бројот на пациенти кои умираат од овој малигном.

Преглед на спутум - Некој студии ја разгледувале ефикасноста од анализата на спутумот, со цел да се открие присуство на малигни клитки, а со тоа и раната детекција на ракот. До сега, не постои јасна корист од оваа скрининг процедура. Дополнителни студии кои користат нови технологии за испитување на спутумот се во тек.

ПЕТ скен (Positron Emission Tomography Scan) – Научниците трагаат по многу други начини и дијагностички процедури кои би помогнале во откривањето на белодробниот карцином. ПЕТ скенот е процедура при која се инјектира мала количина на радиоактивна гликоза во вените. Скенерот ротира околу телото на пациентот и прави серија од слики. Оваа скрининг процедура се комбинира со KT скенот.

Другите студии, како директната визуелизагина на дишните патишта со бронхоскопија и анализи за туморски маркери се два теста кои може да се користат во идните студии.

Клинички студии – Бидејќи податоците за скринингот на белодробниот карцином не се убедливи во тек се голем број на клинички студии, кои ги испитуваат различните скрининг модалитети и нивната ефикасност. Пушачите и бившите пушачи може да бидат повикани да учествуваат во овие клинички студии.

Иако е логично да се мисли дека раната детекција на белодробниот карцином е добра идеа, важно е да се разбере дека рутинскиот скрининг за белодробниот карцином не може да биде препорачан сé додека научниците јасно не покажат дека тој рутински скрининг дава бенефит. Препораките за скринингот на белодробниот карцином сеуште се во фаза на развој и ќе помине уште долго време додека податоците од овие студии бидат објавени.

Заклучок

Пациентите кои пушат се подложни на поголем ризик од добивање на белодробен карцином. најдобар начин да се избегне ова е да не се пуши. Дури и долгогодишните пушачи може да имаат корист од откажувањето.

Истражувачите се обидуваат да пронајдат начин како да им помогнат на пушачите и непушачите кои заболеле од белодробен карцином да живеат подолго. Раното дијагностицирање и скрининг се главниот фокус на овие напори.

Сеуште не е јасно дали скринингот може да помогне во намалување на бројот на луѓето кои умираат од оваа болест. Во тек се клинички студии кои ќе помогнат да се дојде до одговорот на ова и некои други прашања.