• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Како да ја спречиме или ублажиме остеопорозата? Печати

Остеопорозата е болест на цивилизацијата, која цивилизираниот човек непотребно ја забрзува со неправилна исхрана. Таа е прогресивно заболување, кое се карактеризира со намалување на коскената маса, коските стануваат крти и лесно се кршат.

Остеопорозата може да се превенира со адекватна исхрана т.е. со внесување на доволни количини на калциум со храната, како и со редовна физичка активност.

Еве неколку совети за спречување на остеопорозата:

Да се прекине пушењето

Никотинот од цигарите предизвикува метаболни нарушувања, кои негативно влијаат на работата на јајниците. Чадот од цигарите го поттикнува црниот дроб да го уништува естрогенот и да го блокира искористувањето на калциумот, со што ги ослабнува коските.

Да се намали консумирањето на алкохолот на само една чаша дневно.

Да се намали консумирањето на кафе до две шољи дневно.

Да се намали пиењето на безалкохолни газирани напитоци

Да се намали пиењето на безалкохолни газирани напитоци (било да се со многу шеќер или со кофеин) поради големото присуство на фосфор.

Фосфорот во напитоците го нарушува неопходниот баланс на калциумот и на фосфорот во организмот, кој треба да биде во однос 5:2 (во корист на калциумот).

Нарушениот сооднос доведува до дефицит на калциумот, што е фактор на ризик за појава на остеопорозата.

Да се внесуваат доволно млечни производи со исхраната (јогурт, кисело млеко, соино млеко и сирење од соја) и продукти кои содржат витамини и минерали.

Млечните производи се добар извор на калциум, кој е неопходно потребен за коските. Мора да се напомене дека колку и да земаме калциум преку храната, тој нема оптимално да се искористи кај жените пред и по менопаузата поради ниското количество естрогени. За таа цел во лекувањето на остеопорозата и климактеричните тегоби значителна улога имаат таканаречените фитоестрогени (растителни естрогени), кои главно се наоѓаат во сојата и гравот и затоа треба да најдат место во исхраната на таа популација.

Присуството на егзогените ензими е неопходно во исхраната на сите, а посебно за луѓето со остеопороза.

Затоа редовно треба да се консумираат свежо исцедени сокови од свеж зеленчук покрај свежите салати. Треба да се консумираат разни чаеви, поленов прав, матичен млеч во лиофинизирана форма, коензимот Q10, ѓумбирот и каранфилчето.

Особено е важно исхраната во овој период ги содржи потребните минерали (бакар, цинк, бор), бидејќи доаѓа до непотребна деминерилизација на коските - фактор на ризик за остеопорозата.

Организмот го дополнува недостигот од потребните минерали наместо од храна, од коските и затоа доаѓа до нивна деминерилизација.

Во исхраната треба да бидат присутни и гравот, зелката, морковите, цвеклото, зелените лиснати зеленчуци, магдоносот, лукот, кромидот и сојата.

Жените во постменопауза треба да земаат и одредено количество калциум како препарат, но само по препорака на лекарот.

Треба да се пијат доволно течности (1.5 литри).

Треба да се практикуваат редовни физички вежби и други физички активности.