Акутно воспаление на панкреасот (акутен панкреатит) |
![]() |
Акутниот панкреатит е акутно воспаление на панкреасот. Ова е сериозно заболување кое бара итно лекување и итна хоспитализација на болниот. Етиологија на акутното воспаление на панкреасотГлавна улога во настанувањето на акутниот панкреатит кај нас имаат 80% болестите на билијарниот систем (жолчните патишта и жолчната кеса), додека алкохолизмот е главна причина за настанување на хроничниот панкреатит. Во Америка тоа е обратно, односно алкохолизмот доведува до појава на акутен панкреатит во најголем број од случаите. И многу други причински фактори можат да доведат до појава на панкреатит, но во помал процент. Денес човекот, како последица од штетното дејство на разни отрови што ги вдишува од загадениот воздух, од пиење загадена вода и од консумирање хемиски третирана храна, боледува од болести на органите за варење, воспаление на цревата, на желудникот, воспаленија и камен во жолчниот меур и жолчните канали. Често се консумираат алкохолни напитоци, неконтролирано се употребуваат лекови, а во стопанството и индустријата се користат пестициди, хербициди и сл. Кај луѓето кои имаат камен во жолчката или воспаление на жолчните канали е зачестена појавата на болестите на панкреасот. Алкохолот како отров што најчесто го загрозува човековото здравје, освен црниот дроб го загрозува и панкреасот. Прекумерната исхрана и исхраната која се состои од многу масна храна, освен крвните садови, го „погодува“ и панкреасот. Прекумерната и масната исхрана е штетна за панкреасот. Разните инфекции, изложеноста на хроничен стрес, нарушениот метаболизам на мастите и некои други фактори се, исто така, причина за зголемениот број заболени. Дијагностицирањето на болестите на панкреасот исклучиво го вршат медицинските стручњаци во клиниките, со помош на дигитални инструментални методи и лабораториски наоди. Симптоми и знаци на акутниот панкреатитАкутниот панкреатитис не се манифестира исто кај сите заболени. Постојат специфичности, но најчесто заболувањето почнува со појава на послаби или појаки болки и мачнина во пределот на желудникот или грбот, повраќање, црвенило на лицето, метеоризам (подуеност), зголемена телесна температура, жолтица, зголемено ниво на шеќерот во крвта, нарушена циркулација, недоволно уринирње, забрзан пулс, многу намален крвен притисок, отежнато дишење, состојба на шок, парализа на цревата и др. Ако дојде до појава на акутен панкреатитис, заболениот треба да биде сместен во клиника под стручен медицински надзор. 4 водечки симптоми на акутен панкреатит се:
Болка во абдоменотБолката е обично интензивна и локализирана во левата половина на абдоменот, под левиот ребрен лак и зрачи во грбот. Можно е да постои и болка во целиот абдоменот. Мачнина и повраќањеМачнината и повраќањето се чести, доминантни симптоми на акутниот панкреатит. Покачена телесна температураПокачена телесна температура се јавува при:
Дијагноза на акутниот панкреатитФизикален преглед
Лабораториски и други испитувања
Исхрана при акутен панкреатитВо првите денови од болеста не смее да му се дава на заболениот храна преку уста, а евентуалните изгубени течности и електролити треба да се дополнат преку интравенски инфузии. Температурата се нормализира по три до четири дена, а другите симптоми за четири до пет дена. Кога ќе почне празнењето преку дебелото црево и кога ќе се појават гасови, полека се преоѓа на исхрана преку уста. Во почетокот се дава исклучиво течна и кашеста храна. Белковините и мастите најмногу ја стимулираат секрецијата на панкреасот, и затоа не се даваат во првите денови. Кафето и силните чаеви се забранети за болниот. Се препорачуваат лесни чаеви со лимон, со двопоек или со бисквити. На болниот потоа му се даваат незамастени чорби од мешан зеленчук со тестенини без јајца, а потоа и други јадења како, на пр., пире од компир без мрснотии, ориз варен во вода, пире од јаболка, печено јаболко без лушпа. Исто така на болниот може да се понудат салата од рендано цвекло со лимон или рендан морков со лимон, компот од јаболка, или пудинг на вода со малинов сок. Алкохолните напитоци се забранети, а болниот не треба да пуши. Се забрануваат и масни јадења и јадења со агресивни зачини. Кога состојбата значително ќе се подобри може да се даваат благо замастени јадења со маслиново масло. Од чаевите особено се препорачува чај од камилица наместо други напитоци. Акутниот панкреатитис може да се излекува со помош на пропишаната терапија и правилна исхрана. Но ако дојде до појава на хроничен панкреатитис, последиците се трајни - болеста е доживотна. Во Македонија најчеста причина за хроничен панкреатитис е алкохолизмот. Меѓу поретките причини се и тумор на желудникот, дуоденумот, шеќерната болест и др. Ако болниот од хроничен панкреатитис продолжи неправилно да се храни, да пие алкохол и да пуши цигари, во панкреасот може да му се појават бенигни тумори (аденоми) или малигни тумори (аденокарциноми). |