• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Лековитоста на шипката Печати

Шипката е вид на роза која е широко распространета низ целиот свет. Уште се нарекува и „кучешка роза“ што е директен превод од научното латинското име (Rosa Canina).

Шипинката е повеќегодишна листопадна грмушка, која може да достигне висина од 1 до 5 метри. Расте во секакви предели со умерена контитнентална клима, но забележливо е тоа што грмушките кои растат на поголема надморска висина даваат поголеми плодови. Младите гранки се покриени со боцки, како и кај другите рози. Цветот е розев, кој дава мали црвени овални плодови по кои шипинката е најмногу позната.

Плодот од шипинка се користи за правење чај, џем и мармалад. Широко е распространет во народната медицина и се користи како универзалeн лек против настинки и вируси. Исклучително е богат со Витамин Ц и сите продукти од шипинката се меѓу најдобрите извори за овој витамин.

Плодовите остануваат на дрвото за време на зимата, откако ќе отпаднат лисјата. Најпогодни за берење се во јануари и февруари, по што се сушат и се чистат од семките. Понатаму исушениот плод може да се употребува на разни начини.

Шипинката е широко распространета по сите планини во Македонија.

 

Најчитани текстови