• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Пресолената храна ги убива Американците

Американците сакаат да се хранат надвор од домот. Се проценува дека тие јадат надвор или донесуваат готова храна од ресторан најмалку 5 пати неделно.

Но, сè повеќе се доведува во прашање квалитетот на храната која ја внесуваат во организмот. Една здравствена организација предупредува дека некои ресторани опасно ја пресолуваат храната.

Лекарите рутински ги предупредуваат пациентите да се откажат од соларникот. Тие велат дека веќе има премногу сол во храната, која се припрема во повеќето ресторани.

Мајк Џејкобсон, од Центарот за наука во јавен интерес на Вашингтонската организација, која се бави со безбедноста на храната и исхраната воопшто, предупредува дека треба да се води сметка за ова.

Солта е веројатно најсмртоносната состојка на нашата храна, бидејќи предизвикува десетина илјади непотребни смртни случаи годишно. А рестораните се битен дел од овој проблем, тврди Џејкобсон.

Џејкобсон, исто така, предупредува дека возрасните со висок крвен притисок, но и средовечните и повозрасните лица, не би требало да внесуваат во организмот повеќе од 1.500 милиграми сол дневно, а децата не повеќе од 1.200 милиграми.

Џејкобсоновата организација ја анализирала содржината на најмалку стотина оброци од 17 американски ланци на ресторани и утврдила дека некои јадења содржат дури четиридневна количина на сол.

„Американците годишно трошат околу 3,6 килограми сол, а експертите велат дека оваа количина треба најмалку да се преполови, односно во идеален случај да се исфрлат барем две третини“, истакнал Џејкобсон.

Одредена количина на сол во храната е сосема во ред. Према истражувачите од Клиниката „Mayo“, солта го одржува адекватното ниво на течноста во телото, помага во трансмисијата на нервните импулси и ги стега и опушта мускулите.

Но, премногу сол доведува до намалување на количината на течноста во организмот, до висок крвен притисок и до кардиоваскуларни и бубрежни заболувања.

Др. Лоренс Апел од Факултетот за јавно здравје „Џон Хопкинс“, укажува дека постарите лица и сите оние кои се осетливи на сол, се „ранети“ кога келнерот ја донесува храната.

Научниците затоа ги повикуваат рестораните да ја ограничат количината на сол во храната и потсетуваат дека консументите на нивните оброци несвесно внесуваат во организмот огромна количина на сол. Крајниот резултат на тое е гушење и срцеви потешкотии, кои итно водат во Ургентната клиника.

Дона Свини, претставничката на Националното здружение на ресторани, тврди дека членовите на асоцијацијата почнуваат да ги намалуваат количините на сол во припремањето на хрната.

„Погледнето го мените во тие ресторани и ќе видите дека има многу јадења кои содржат многу малку сол“, вели таа.

Центарот за наука во јавниот интерес и Америчкото медицинско здружение бараат да Владата ја ограничи количината на сол во комерцијално приготвената храна. Сепак, оние кои приготвуваат и служат таква храна, сеуште не се обврзани да ја обелоденат точната содржина на оброкот.

 

Прочитајте и: