• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што го предизвикува мултиплиот миелом? Печати

Иако не се познати причините за настанувањето на мултиплиот миелом, сепак постојат некои фактори за ризик, кој ја зголемуваат можноста за настанување на ова малигно заболување кај одредени лица.

Фактори на ризик за настастанување на мултипли миелом

Возраст

Бидејќи честотата на мултиплиот миелом е најголема во постарата популација се смета дека ризикот за настанувањето на ова малигно заболување расте со процесот на старењето и со намалувањето на способноста на имунолошкиот систем да се бори со малигните процеси.

Професионална изложеност на канцерогени агенси

Миеломот може да се јави и како резултат на долгогодишна акумулација на токсични фактори или поради делување на разни надворешни токсични агенси – антигени.

Одредени професии ствараат предиспозиција за развој на мултипли миелом. Така, поголем ризик за развој на миелом имаат: земјоделците, работниците во иднустријата за нафта и нафтени деривати, работниците во кожната индустрија и козметологијата. Тие имаат поголем ризик од просечниот, односно од ризикот кој го имаат луѓето кои не ги работат овие професии.

Прекумерна изложеност на јонизирачко зрачење

Лицата кои биле изложени на големи дози на зрачење, како оние кои преживеале по детонацијата на атомската бомба во Јапонија, имаат зголемен ризик за настанување на миелом, иако тие претставуваат мал број од случаите.

Инфекции

Инфекциите, посебно вирусните, се разгледувани како провоцирачки фактор за настанување на болеста. Неколку студии го поврзале настанувањето на миеломот со инфекциите предизвикани од: ХИВ вирусот, висуот на хепатитот, херпес симплекс висуот, Epstein Barr - вирусот и цитомегаловирусот. Значењето на инфекцијата со овие вируси во настанувањето на миеломот не е до крај проценето.

Важно е да се напомене дека во повеќето случаи, лицата кои заболуаваат од мултипли миелот немаат јасни и препознатливи фактори на ризик кои можат да се поврзат со болеста. Се смета дека миеломот е последица на комбинираното делување на повеќе фактори на ризк, кои на крај доведуваат до развој на болеста.