• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Најопасни меланомите на кожата на вратот и на главата

Првиот знак на овој најопасен карцином на кожата е промената на формата, на големината или на бојата на бемката. Доколку се примети било каква промена на веќе постоечката бемка на кожата, веднаш треба да се отиде на лекар.

Меланомот е многу поопасен ако се појави на кожата на главата или на вратот, отколку на другите делови на телото, покажало најновото истражување.

Пациентите со меланом на кожата на вратот или на главата имаат двојно поголема веројатност да умрат во споредба со лицата кои имаат меланом на други делови на кожата на телото.

Пациентите со меланом на кожата на рацете, на нозете, на лицето или на ушите имаат најдобра прогноза, тврдат научниците, иако не им е потполно јасно зошто е тоа така.

Студијата била спороведена на повеќе од 51.704 пациенти со дијагностициран меланом во САД, во периодот од 1992 до 2003 година.

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином. За него е карактеристично што брзо се проширува по телото (метастазира) уште во раниот стадиум на болеста.

 

Најчитани наслови