| Дијагноза на болка |
|
|
|
Дијагнозата на болка може да биде очигледна или да бара примена на голем број на тестови, лабораториски анализи, рендген испитувања и слично. Секако најважен дел од утвдрувањето на причината е лекарскиот преглед и историјата на болеста односно на болката. Најчесто појавата на болка која сигнализира потенцијално фатална болест има карактеристичен образец, кој укажува на специфична состојба. Дијагностички испитувањаДел од дијагностичките тестови кои се употребуваат се: РентгенОваа испитување се заснова на рентгенските зраци, кои различно поминуваат низ различни делови од телото, со различна густина и врз основа на тоа се добиваат слики за внатрешноста на телото. Особено корисен за скршеници на коски. CT или CAT скенКомпјутерска томографија или компјутерска аксијална томографија користи рентген зраци и дава компјутерско и приказ на вертикален или хоризонтален пресек на дел од телото кој се испитува. За време на прегледот од пациентот се бара да биде колку што е можно помирен. Понекогаш потербно е давање на контраст (венски) за време на снимањето. Најчесто процедурата трае 15-60 минути. MRIМагнетната резонанца продуцира многу прецизни слики на телото без употреба на рентген зраци, туку користи голем магнет, радио бранови и компјутер кој ги продуцира сликите. Во најголем број од случаите, тестот трае 40 до 80 минути. Во некои случаи се дава и контраст, интравенски, со гандолиниум, кој помага во полесно идентификување на извесни анатомски структури, органи и слично. Заради употребата на магнет, кај некои луѓе (кај пациенти со пејсмејкер) магнетна резонанца не треба да се прави. EMGСо оваа процедура се следи активноста на мускулите и нервите.За време на оваа процедура, многу фини игли се инсертираат во мускулите за да го мерат одговорот на мускулот на сигнали од мозокот или рбетниот мозок. Скенирање на коскиОваа испитување се користи за следење и откривање на инфекција на коските, фрактура (скршеница), или други пореметувања на коските. За време на испитувањето, мала количина на радиоактивен материјал се инјектира во крвотокот. Овој материјал се собира во коските, особено во деловите кои имаат некоја абнормалност. Добиените слики се анализираат со компјутер кој ги идентификува специфичните делови кои имаат некаква абнормалност. УлтразвукУлтразвучно скенирање или сонографија; овој тест користи високо-фрекфентни звучни бранови за добивање на слики од внатрешноста на телото. Други дополнителни испитувања и тестови се: лабораториски испитувања, анализи на крв и мочка, испитување на специфични туморски маркери, биопсија, итн. Иницијално, болката може да предизвика психолошки знаци како: болни гримаси, забрзана работа на срцето (тахикардија), препотување и забрзано дишење. Пациентите со хронична канцерска болка (која трае повеќе од 3 месеци) често не покажуваат психолошки знаци и како резултат на тоа, хроничната болка, често може да биде недоволни и неадекватно третирана. Соработката помеѓу пациентот и лекарот е многу важна за постигнување на адекватна контрола на болката. |