• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Намалената смртност од рак во САД спаси 650 000 животи Печати

Благодарение на континуираното опаѓање на смртноста од рак во САД, за 1 - 2 % годишно во текот на последниве 15 години, во тој период се спасени 650 000 животи, соопштило Американското здружение за рак.

Сепак, во текот на 2009 година, од рак ќе умираат просечно1 500 Американци дневно, ќе има 1, 47 милиони новодијагностицирани случаи на рак и 562 000 умрени од рак, пренесува Ројтерс.

Ракот во САД е причина за секоја четврта смрт и второ заболување по смртност, веднаш по срцевите заболувања.

Во периодот меѓу 1990 и 2005 година, кај машката популација во САД смртноста од ракот се намалила за 19%, најмногу поради намалување на бројот на случаи од рак на бели дробови, на простата и на дебело црево.

Истовремено и кај Американките смртноста од рак се намалила за 11% поради намалениот број на случаи на рак на дојка и на дебело црево.

Во периодот од 2001 и 2005 година, честотата на ракот меѓу машките жители на САД се намалувала за 1.8 %, додека меѓу жените во периодот од 1998 и 2005 година честотата на ракот се намалувала со просечна годишна стапка од 0.6%.

Процентот на намалувањето на ракот и на смртноста од рак меѓу жените е помал отколку кај мажите затоа што кај нив сеуште се зголемува бројот на рак предизвикан од пушењето. Додека американските мажи почнале да пушат уште од шеесетите и седумдесетите години на минатиот век, тогаш се повеќе жени почнувале да пушат. По откажување од пушење Американките моментно заостануваат зад Американците за околу 20 години.

Затоа, прогнозата е дека во 2009 година, смртта од рак на бели дробови ќе учествува со 26% од вкупната смртност на Американките од рак.

Ракот на белите дробови е убиец број 1 меѓу канцерите во САД. Према прогнозата на Американското здружение за рак, во текот на 2009 година, дијагноза на рак на бели дробови ќе биде поставена кај 219 440 жители на САД, а 159 390 жители ќе умрат од овој вид на рак.

Ракот на дебелото црево е убиец број 2 меѓу канцерите во САД. Се прогнозира дека од него, оваа година (2009) ќе умрат 49 920 луѓе, а дека ќе има 106 000 новодијагностицирани случаи на рак на дебело црево

Рак на дојка ќе биде новодијагностициран кај 194 280 жени и мажи во САД, а од него ќе умрат 40 610 луѓе (вклучувајќи и 44 мажи).

Се предвидува дека во 2009 година, во САД, ракот на простатата ќе биде дијагностициран кај 192 280 мажи, а дека од него ќе умрат 27 360 мажи.

Научниците, меѓутоа, нагласуваат дека дури 91% од новодијагностицираните случаи на рак на простата во САД во 2009 година ќе бидат дијагностицирани во рана фаза, што на болните им дава 100% шанса да преживеат најмалку 5 години.

Според податоците на Ценатрот за рак „M.D. Anderson“, при Универзитетот во Тексас, 30% Американци со метастатски рак на дебело црево денес преживува најмалку 5 години, додека во 2004 година тој период го преживувале само 8% од заболените.

Ова продолжено преживување се препишува како на подобрите хируршки техники, така и на новите лекови, било да се работи за традиционални хемотерапевтски медикаменти или за биолошки агенси.