• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Бета-каротин - „природен чадор за сонце“

Со доаѓањето на летото, сé почесто се говори за бета-каротинот, супстанца која ја штити кожата од штетното влијание на сончевите зраци.

Бета каротинот е еден од најпознатите антиоксиданси и исклучиво се наоѓа во растенијата. Тој се нарекува и „природен чадор за сонце“, бидејќи ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради емисијата на УВ зраци т.е. при сончањето.

Резултатите од голем број студии покажале дека бета каротинот заштитува од акутни и хронични кожни оштетувања, предизвикани од изложеност на сонце. Според некој истражувања, бета каротинот го намалува оштетувањето на ДНК молекулите, па на тој начин го спречува и развојот на дегенеративните болести.

Без оглед на тоа што за механизмот на неговото делување сеуште се расправа, бета каротенот е суплемент, кој се пепорачува да се внесува во организмот, пред да се тој изложи на сонце или на други извори на УВ зрачење.

Бета-каротинот ја штити кожата од штетниот спектар на УВ зрачењето, па освен во кремите за сончање, се препорачува да се внесува повеќе и со исхраната, посебно неколку недели пред поинтензивно изложување на сонце.

Бета-каротин, најважен каротиноид

Бета каротинот е широко распространет растителен пигмент кој се наоѓа во овошјето и зеленчукот со сите нијанси на жолта и портокалова, па сé до темно зелена боја (морков, диња, крушка, јаболко,спанаќ). Кога се препорачува консумирање на „обоено“ овошје и зеленчук, се мисли, всушност на бета каротинот.

За сега нема препорачан дневен внес за каротеноидите, бидејќи тоа што е утврдено во експериментите на животни, не е потврдено и кај луѓето. Но, затоа постои општото познато правило за консумирање на 5 дневни оброци на овошје и зеленчук. Врз основа на бројните испитувања, утврдено е дека 15 мг дневно, може да помогне и да не даде никакви несакани ефекти. Многу луѓе се уверени во логиката да „поголеми дози, подобро делуваат“, па претеруваат со земање на високи дози и предизвикуваат жолтило на кожата (ксантоза).

Не се препорачува да се премине дозата од 60 мг дневно.

За лица кои консумираат разновидна храна, богата со овошје и зеленчук, не може да се зборува за дефицит на бета каротен, но, кај лица кои не консумираат таква храна, дефицитот е можен.

Лицата кои долго време земаат бета каротен, би морале да земаат и витамин Е, бидејќи бета каротинот има особина да го намалува нивото на витаминот Е во крвта.

Антитуморското делување е само една од бројните функции на бета-каротинот, бидејќи е јак антиоксиданс, неговата улога во заштита и поттикнување на одбранбените сили е многу значајна посебно кај постарите лица, а на тој начин индиректно е вперен против останатите закани кон здравјето на човекот!

Превенцијата од ноќно слепило и преосетливост на светло се неговите следни функции.

Тој е „ангел чувар“ на алкохоличарите па дури и на оние кои се заболени од AIDS (сида).

 

Прочитајте и: