• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Лекот против дијабет – metformin може да ја зголеми активноста на антиканцерските вакцини

Научниците од „University of Pennsylvania“ и „McGill University“ откриле дека често употребуваниот лек за шеќерна болест - metformin може да ја зголеми човечката имунолошка меморија и на тој начин да ја зголеми потентноста на антиканцерските вакцини.

Американските научници откриле дека глувците, на кои им бил даван лекот против шеќерна болест – metformin, имале поделотворни Т лимфоцити, клетки кои имаат важна улога во имунолошкиот систем на организмот.

Научниците уште порано покажале дека способноста на телото да одговори на болеста после вакцинирање зависи од способноста на Т лимфоцитите да ги разрадат масните киселини.

Новото истражување покажало дека лекот – metformin ги поттикнува клетките на имунолошкиот систем на разградување на масните киселини, а со тоа ја подобрува и способноста на телото за борба против болеста.

Dr. Erika Pearce, од University of Pennsylvania, рекла:

„Го употребувавме метформинот со цел да го подобриме тој процес и експериментално, на глувци, докажавме дека метформинот го подобрува памтењето на Т лимфоцитите, како и дека ја подобрува заштитата која ја пружа експерименталната вакцина против ракот“.

 

Најчитани наслови