• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Лешници и бадеми - за лицата со чувствително здравје. Зошто?

Лешниците и бадемите содржат многу антивоспалителни состојки, растителни влакна и антиоксиданси кои се неопходни за одржување на здравјето кај човекот. Тие го зајакнуваат природниот имунитет кај човекот. Лешникот и бадемот го намалуваат крвниот притисок и делуваат поволно на работата на срцето.

Срцевите заболувања се многу често поврзани со неправилната исхрана и пореметениот метаболизам, па на срцевите болни често им се препорачува правилна исхрана богата со здрави масти, какви најчесто се наоѓаат во спомнативе јатчести овоштија.

Лешникот содржи киселина која делува против „лошиот“ холестерол и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Се препорачува да се консумира една шака лешници, три пати неделно.

Бадемот е богат со витамин Е, кој како антиоксиданс делува против слободните радикали и е многу ефикасен во превенцијата од инфекции.

Можете, исто така, да јадете и 5 до 6 бадеми дневно (80 грама).

 

Прочитајте и: