• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Смирете ги нервозните црева Печати

Синдромот на нервозни црева го карактеризираат: болка во стомакот, грчеви, надуеност, кркорење во цревата, но и запек, пролив или нивна комбинација.

Често синдромот на нервозни црева е пропратен со депресија и вознемиреност. И покрај изразените симптоми, општата здравствена состојба на лицето може да биде добра. Дијагнозата на овој проблем многу тешко се поставува.

Гастроентеролозите веќе долго време трагаат за одговор на прашањето зошто некои лица реагираат на стресот и на секојдневните проблеми со тегоби во стомакот. Синдромот на нервозни црева најчесто ги погодува чувствителните лица, кај кои симптомите се јавуваат обично помеѓу 35 – тата и 50 – тата година од животот, но можат да се јават и многу порано.

Но, правите причини за синдромот на нервозни црева медицината сеуште не ги утврдила. Сите знаат за т.н. врска помеѓу стомакот и мозокот и фактот дека нервозата, вознемиреноста или неизвесноста многу често предизвикуваат грчеви во стомакот и нередовна столица. Заболените не можат секогаш да ја контролираат потребата за празнење на цревата, па се принудени често да одат до тоалет, што може да резултира со бројни непријатни ситуации, поради што овие пациенти често имаат проблем со самодовербата.

Голем проблем претставува тоа што на пациентите им е срам поради симптомите кои ги имаат, па затоа тие ретко се јавуваат на лекар. Од овие причини се дијагностицираат само 10% до 20% од пациентите. Статистиката покажува дека жените два пати почесто се јавуваат на лекар во однос на мажите, што не значи дека оваа болест почесто се јавува кај женската популација, туку дека тие поотворено зборуваат за овој проблем.

За лекување на овој проблем во Америка се издвојуваат повеќе од 17 милијарди долари, што говори за големото медицинско, но и економско и социјално значење на ова пореметување.

Во развиените земји, едно од 5 возрасни лица, има синдром на нервозно дебело црево, но и кај нас бројот на лицата кои патат од овој проблем е ист, па можеби дури и поголем отколку на Запад.

Во многу земји во Европа и во Америка се применува лекот „флобион“, препарат кој ефикасно ги убажува сите симптоми на иритирано дебело црево.