• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Некои видови на рак можат да се спречат Печати

Истражувањето го спровеле 23 врвни научници кои ги анализирале податоците за појавувањето на ракот во разни делови на светот.

Поздравиот живот би можел за една третина да го намали бројот на заболени од најчестите видови на рак во развиените земји во светот, односно за една четвртина во сиромашните земји, се наведува до меѓународната научна студија.

Подобрата исхрана, редовната умерена физичка активност и контролата на телесната тежина би можеле дури за 40% да го намалат бројот на заболени од рак на дебело црево и од рак на дојка во некои земји, стои во студијата. Научниците во студијата ги повикуваат Владите и поединците за додатни напори во борбата против ракот.

„Во моментот на објавувањето на овој извештај, околу, околу 11 милиони луѓе во светот имаат дијагностициран рак, а скоро 8 милиони луѓе умираат секоја година од рак“, изјавил Dr. Majkl Marmot, водачот на студијата која ја спровеле заедно Светскиот фонд за истражување на ракот и Американскиот институт за истражување на ракот.

„Сепак, ракот воглавно може да се спречи“, додал Dr. Marmot.

23 угледни научници ги анализирале податоците за појавувањето на ракот во разни делови во светот и ги споредувале со податоците за начинот на исхраната и животните навики како би ја утврдиле можноста за поврзаноста на тие фактори.

Научниците заклучиле дека поздравиот начин на живот би ја спречил појавата на 43% случаи на рак на дебело црево, и 42% случаи на рак на дојка во Велика Британија и 45% случаи на рак на дебело црево и 38% случаи на рак на дојка во САД.

Научниците препорачале исхрана базирана на овошје, зеленчук и житарици, а помалку да се конусмираат масти од животинско потекло, посебно црвено месо и млечни производи.

Оваа препорака се совпаѓа со вообичаените прехрамбени препораки на научниците од Светската Здравствена организација (СЗО).

Кога ќе се земат во предвид сите видови на рак, смртноста во развиените земји би можела да се намали за една третина со здрав начин на живот.

Научниците, исто така, ги анализирале и податоците за Кина и за Бразил, како земји си пониски и средни приходи, каде е утврдена дека со подобра исхрана и здрави животни навики би можело да се спречат 27%, односно 30% од случаите на рак.

Овој меѓународен научен извештај покажува дека само со рлтивно едноставни промени би можел значително да се намали бројот на смртни случаи од рак ширум светот.

Научниците веруваат дека на глобално ниво би можеле да се спречат милиони случаи на рак и дека е сега моментот за да се делува.