• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Кронова болест (Morbus Crohn) – фактор на ризик за рак на дебело црево Печати

Кронова болест или регионалeн ентеритис е неспецифично воспаление на дигестивниот тракт. Оваа болест може да зафати било кој дел од дигестивниот тракт (од устата до анусот). Многу често се јавува на илеумот (завршниот дел на тенкото црево) или на колонот (дебелото црево).

Кроновата болест е многу слична со улцерозниот колит, така да кај околу 10% болни овие две заболувања не можe да се разликуваат.

Кроновата болест може да предизвика и компликации надвор од дигестивниот тракта, како на пример: кожен осип, артритис, воспаление на окото итн.

Честота на јавување

Во развиените замји на западна Европа, честотата на Кроновата болест е 1-6 случаи во популација од 10 000 жители. Оваа болест може да се јави во било кој период од животот, но најчесто од 15-тата до 35-тата годишна возраст. Подеднакво заболуваат и мажите и жените.

Болеста први ја опишале, независно еден од друг, полскиот хирург д-р. Антони Лесниовски во 1904 година и американскиот гастроентеролог д-р. Барил Бернард Крон во 1932 година.

Крон, Гинзберг и Опенхајмер во 1932 година го опишале ова заболување во часописот на Американската Медицинска Асоцијација и го нарекле „терминален илеитис“. Бидејќи зборот „терминални“ има негативна конотација и бидејќи болеста не е ограничена исклучиво на танкото црево, со тек на време почнал да се користи називот називот Кронова болест.

Етиологија на Кроновата болест

Различни клинички студии покажале дека генетскиот фактор има важна улога во настанувањето на Кроновата болест. Така, забележено е дека Кроновата болест често се јавува истовремено кај еднојајчани близнаци.

Многубројни инфективни, бактериски и вирусни агенси се спомнувани како можен фактор за настанување на оваа болест, но не постојат дефинитивни докази за тоа.

Како предиспонирачки фактори за Кроновата болест се спомнуваат: исхрана со многу рафинирани шеќери и примена на контрацептивни средства. Пушењето, исто така, се смета дека може да го провоцира настанувањето на оваа болест.

Поновите истражувања укажуваат дека една од причините би можела да биде мутацијата на генот NOD2/CARD15, кој се наоѓа на хромозомот 16.

Сепак, мутацијата на овог ген се наоѓа само кај една третина од пациентите.

Опис на Кроновата болест

Кроновата болест е најчесто локализирана на завршниот дел на илеумот (дел од тенкото црево), на почетниот дел на дебелото црево, или на целото дебело црево или на илеумот и јејунумот (делови на тенкото црево).

Промените често го зафаќаат илеумот и дебелото црево во континуитет. Sидот на цревата е во отечен и задебелен. Присутни се длабоки рани (улкуси), обично во вид на жлебови. Длабоките улкуси можат да го пробијат sидот на цревото и да преизвикаат апсцеси (гнојни воспаленија) или фистули (неприродни канали кои поврзуваат два органа или орган и ткиво или кожа).

Фистулите може да настанат помеѓу соседните делови на цревата, или помеѓу зафатениот дел на цревото и мочниот меур, вагината или кожата на перинеумот. (регијата измеѓу вагината и анусот).

Клиничка слика

Кроновата болест е хронично заболување со непредвидливи епизоди на влошувања и подобрувања. Симптомите и знаците на болеста зависат од тоа кој дел од цревото е зафатен и од големината на зафатениот сегмент. Најчести клинички симптоми се: пролив (обично без присуство на крв) и болка во стомакот, потоа покачена телесна температура, како и општа слабост и малаксаност, а можен е и губиток на тежина. Проливот може да доведе до пореметување на електролитите во организмот, додека малапсорпцијата може да доведе до стератореа (масна столица).

Понекогаш, посебно кај децата и старите, единствен симптом може да биде покачена телесна температура и губиток на тежина.

Во хроничните случаи можат да настанат стриктури (стеснувања на дигестивниот тракт).

Дијагноза

Дијагнозата се поставува врз база на анамнезата, клиничкиот преглед и дополнителните анализи.

Можни се атипични симптоми на болеста: покачена телесна темература од необјаснето потекло, без цревни симптоми, или, пак, симптоми на артритис и заболувања на црниот дроб.

На Кроновата болест треба да се помисли секогаш кога постои подолготраен пролив и болка во стомакот.

Дијагнозата тешко се поставува, бидејќи многу заболувања на цревата одат со вакви или слични симптоми. Затоа е важно секогоаш при овие симптоми да се помисли и на оваа болест.

Анализите на крвта се неспецифични. Можат да покажат умерена слабокрвност, зголемена седиментација, зголемен број на бели крвни зрнца и на крвни плочки. Проливот може да доведе до поременување на електролитите.

Сепак дијагнозата се поставува со иригографија (рендгенско снимање на цревото со бариумска каша). Со оваа метода се утврдува и локализацијата и проширеноста на болеста. Овие анализи мажат да покажат промена на изгледот на слузницата, длабоки улцерации и патогномичен (типичен) „знак на јаже или жица“.

Промените често го зафаќаат илеумот и колонот во континуитет. Во хроничните случаи можат да настанат стриктури – стеснувања на луменот на цревата. Лезиите на цревата обично се дисконтинуирани.

Лекување на Кроновата болест

За Кроновата болест не постои специфична медикаментозна или хируршка терапија. Најефикасни медикаменти се антиинфламаторните лекови (кортикостероиди, аминосалицилати и имуносупресиви), а по потреба се применуваат и други лекови.

Кортикостероидите се ефикасни во лечењето на акутнета фаза. Долготрајната примена на кортикостероидите е ограничена поради нивните несакани ефекти, а акутното лекување не го намалува ризикот од повторување на болеста. Стероидните лекови, кои делуваат воглавно локално, се во фаза на испитување.

Аминосалицилатите се ефикасни во лекувањето на Кроновата болест на тенкото и дебелото црево. Не се препорачува примена на аминосалицилати заедно со кортикостероиди во акутната фаза на болеста, бидејќи не постојат докази дека тоа ја зголемува успешноста на лекувањето.

Акутната фаза на Кроновата болест често се лекува со сулфосалазин. Несакани дејства при примената на сулфасалазинот се: мачнина, главоболка, кожен осип, реверзибилен стерилитет кај мажите, и многу ретко, хемолитичка анемија и агранулоцитоза. Во тие случаи се користат препарати на месалазинот или олсалазинот.

Имуносупресивните лекови, азотиоприн и 6-меркаптропин, имаат ист активен метаболит, а нивната основна примена им е во лекувањето на перинеалните фистули.

Еве неколку податоци:

  • Европјаните се посклони да заболат од Кронова болест,
  • Ако постои позитивна фамилијарна анамнеза (член од фамилија болен од Кронова болест) ризикот да се добие оваа болест е поголем за 10 пати.
  • Повеќе од 20% од заболените имаат брат, сестра, родител или дете кои патат од некое цревно заболување.

Препораки за пациентите со Кронова болест

Бо акутната фаза на болеста треба да се избегнува храна богата со животински масти, лута храна со многу зачини, алкохол, мешункаста храна која создава многу гасови.

Не треба да се јадат сувомесни производи, особено чадени, пикантни сосови и сл. Треба храната повеќе да биде варена, а помалку пржена и печена.

Во акутната фаза треба да се консумира варена и лесна храна како: ориз, компир, особено компир-пире, пасирани моркови, пилешко месо, млечни производи, особено јогурт, кравјо сирење, за да полека премине на друга храна, но во помали количества. Храната треба добро да се џвака.

Треба да се јаде повеќепати на ден по помали количества, а не одеднаш големи порции, кои цревата не можат да ги преработат.

Воспалителните заболувања на дебелото црево го зголемуваат ризикот за појава на рак на дебело црево.

При улцерозниот колит, цревната слузница претрпува диспластични промени, а нивното постоење го зголемува ризикот за 5.7 пати.

Ризикот е поголем доколку улцерозниот колит е подолготраен (на пример, се јавил уште во детска возраст). Исто така, и болеста Мorbus Chrohn e фактор на ризик за подоцнежен развој на карцином на дебелото црево.

Низа други заболувања на дебелото црево, како што се дивертикулозата (повеќе вреќести проширувања на дебелото црево), амебијазни грануломи и туберкулозата може погрешно да се оценат како карциномски промени, но, ниту едно од овие заболувања не доведува до развој на малигном.