• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Хуманиот папилома вирус и ракот на грлото на матката Печати

Кај жените постари од 25 години врската помеѓу инфекцијата со хуманиот папилома вирус (ХПВ) и ракот на грлото на матката може да се докаже во 99,7% од случаите.

Секоја година се дијагностицираат околу 500.000 нови случаи на рак на грло на матка, а од него умираат околу 300.000 жени во светот. Тоа е втор по честота малиген тумор кај жените. Се почестата појава на урогенитеалните инфекции и сексуално преносливите болести стана глобален јавно здравствен и социоекономски проблем.

Према податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во светот годишно се регистрираат 400 милиони случаи со сексуално преносливи болести, а од оболените 60% се жени помлади од 25 години. Бидејќи податоците зависат од бројот на пријавените, што не е во сите земји еднакво решено и ажурно, се претпоставува дека овој број е уште поголем.

Ракот на грлото на матката, исто така, е еден од најголемите глобални здравствени проблеми. Урогениталните инфекции кај жените (околу 300 милиони жени годишно заболуваат од некоја форма на овие инфекции) во корелација се со појавата на ракот на грлото на матката.

Денес најчесто се говори за инфекцијата со хуманиот папилома вирус (ХПВ), со кој се инфицирани 630 милиони луѓе ширум светот, а врската помеѓу ХПВ инфекцијата и ракот на грлото на матката може да се докаже во 99,7 % од случаите. Најризична група жени се оние помеѓу 25 и 64 години. Регистарот на малигните заболувања во Србија бележи дека од 100.000 жени, околу 27 заболуваат од рак на грло на матка.

Према податоците од некои земји во регионот, може да се заклучи дека повеќето од заболените жени не биле на гинеколошки преглед и не направиле ПАПА тест во последните 5 години, а дека од вкупната популација на жени, две третини не одат на редовни гинеколошки прегледи. Исто така, се смета дека само 30-40% жени имаат здрава вагинална микрофлора, која ја чинат микроорганизмите кои штитат од инфекции. Стресот, модерниот начин на живот, примената на некои лекови, како и низа други фактори ја пореметуваат нормалната вагинална микрофлора и ја намалуваат природната отпорност на жената против урогениталните инфекции.

Со оглед на загрижувачките бројки, треба да се усмерат активностите према превенцијата, доколку сакаме да наведениве проценти не бидат уште повисоки. Превенцијата подразбира едукација на младите девојки и жени за одговорно однесување према себе, за потребата од редовни гинеколошки прегледи – скрининг, запознавање со начините за заштита на здравјето како на пример со вакцината за ХПВ и друго.