• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Манука медот ги унишува и најотпорните бактерии

Медот одамна се користи во народната медицина за лечење на рани, но поседниве години забележено е дека може да помогне и кај сериозните медицински случаи.

Најновото истражување покажало дека Манука медот има јаки антибактериски својства и дека помага во борбата против бактериите отпорни и на антибиотици. „Откривме дека овој мед без проблем може да ги замени антибиотиците и дека има исклучително јако дејство на бактериите, а станува збор за природен производ кој не предизвикува пропратни несакани ефекти“, истакнала Dr. Dee Carter од Универзитетот во Сиднеј.

Повеќето бактерии кои предизвикуваат инфекции се отпорни на некои антибиотици, па затоа се јави потреба за нов лек. Откриено е дека тука може да помогне токму Манука медот, кој брзо и успешно ги победува бактериите.

Научниците истакнале дека медот е многу комплексен спој, кој се состои од бројни елементи, па тешко е да се открие кои точно ги уништуваат бактериите и на кој наќин. Но, познато е дека Манука медот има јако дејство и дека без проблем ги уништува отпорните бактерии.

На пазарот во Велика Британија е лансиран новиот австралиски „супер манука“ мед кој поседува двојно појаки лековити својства од било кој друг мед.

Овој извонреден мед го произведуваат пчелите кои се хранат со ретки билки од еко пределите во Австралија и веќе е прогласен од Австралиската Влада како „најдобар антибиотик во светот“.

Докажано е дека антибактерискиот мед - Berringa иам голема медицинска и здравствена вредност и го надминува медот МАНУКА од Нов Зеланд.

Истражувачите го тестирале медот од целиот свет и утврдиле: „Најголеми антибактериски својства се пронајдени во австралискиот JELLYBUSH (Berringa) мед, додека манука медот, исто така, покажал антибактериско дејство, но во значително помала мера од онаа која може да се најде во Jellybush медот“.

 

Прочитајте и: