• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Болка
Неопиоиди аналгетици Печати
Индекс на артикл
Неопиоиди аналгетици
Механизмот на делувањето на НСАЛ
Несакани ефекти од НСАИЛ
Сите страници

Неопиодините аналгетици се користат во лекувањето на послаби болки. Кај повеќето онколошки болни овие лекови, дадени самостојно, обично не се доволни за ублажување на болката. Ако со нивната примена во високи дози, во период од 24 до 48 часа, не се постигне ублажувње или отклонување на болката, потребно е тие или да се дадат во комбинација со лековите за вториот степен на болка (опиоиди) или да се премине само на давање на лековите за вториот степен на болка.

Tерапија на лесна до умерена болка подразбира примена на неопиоидни лекови, а тоа се: аналгоантипиретици (салицилати, ацетаминофен (парацетамол)) и нестероидни антиинфламаторни лекови.

Најчесто применуван од салицилатите е ацетилсалицилот (аспирин), кој се смета за еден од најсилните аналгетици за лесна аналгезија. Неговата доза од 650 mg се користи како реперна доза за споредување на аналгетскиот ефект на останатите аналгетици.

Ацетаминофенот (парацетамол) има идентичен аналгетски ефект како и аспиринот (650 mg), меѓутоа има помалку изразени токсични ефекти врз системот на варење.

Нестероидните антиинфламаторни лекови-аналгетици (НАИЛ) се поширока група на лекови со различен механизам на дејствување, а меѓусебе се разликуваат по применетата аналгетска доза. За сите нив заедничка карактеристика е дека со наголемувањето на дозата до одредено ниво, пропорционално се наголемува и аналгетскиот ефект. Кога ќе се надмине таа доза , тогаш, секое нејзино зголемување предизвикува само зголемување на токсичните ефекти, без соодветно наголемување на аналгезијата.

Овие лекови не доведуваат до појава на зависност и можат да се набавуваат слободно во аптеките без препишан рецепт од лекар. Но, поради своите потенцијално јако изразени гастроинтестинални и кардиоваскуларни несакани ефекти, овие лекови треба да се употребуваат според упатите за нивна примена и дозирање. Најдобро е да се консултира докторот за нивната примена, иако може да се набават и слободно, без рецепт.

Појаки аналгетици може да бидат препишани само од страна на лекар. Студиите покажуваат дека кај 20 до 40% од пациентите кои имаат потреба од ублажување на болката, тоа се постигнува со примената само на неопиоидните лекови. Пациентите даваат различен одговор на различните неопиодини аналгетици. Затоа за да се пронајде вистинскиот аналгетик, кој најдобро ќе делува кај одреден пациент, потребно е упорно испитување при што можни се и одредени пропусти и неуспеси додека не се открие најефикасниот.