• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Дуња – здрава храна и природен лек

Дуњата е погодна за правење на мармалад. Дури и самото име мармалад потекнува од португалскиот збор „marmelo“, што значи „дуња“.

Опис и потекло на дуњата

Дуњата потекнува од југозападна Азија, посебно од Персија и Анатолија, а самоникната се наоѓа и во средна Европа. Позната е под името „сидониска крушка“. Дрвото на дуњата може да израсне и до 7 метри во височина, а често расте во облик на грмушка. Плодот има форма на јаболко или крушка, со златножолта до црвена боја, прекриен со влакненца, кои лесно се вадат. Дуњата има пријатен мирис и киселкаст вкус.

Оваа намирница била популарна кај старите Грци, кои ја приготвувале така што ја издлабувале, наполнувале со мед и ја печеле. Во грчката митологија, дуњата симболизирала љубов и среќа. Римјаните од дуњата добивале етерични масла, кои ги користеле во парфимериите. Во Франција, дуњата е позната веќе со столетија, а се користи не само за исхрана, туку и за козметички и медицински цели.

Енергетска и нутритивна вредност

Во 100 грама свежа дуња има 57 kcal / 238 kJ, од што 0,4% белковини, 0,1% масти, 15,3% јагленохидрати. Богата е со растителни влакна и бакар, а содржи и многу танински материи.

Дуњата е богат извор на витамин Ц (15 mg, што е 18,8% од препорачаниот дневен внес). Содржи и бета кааротин и јаболкова кислеина. Поради присутниот пектин, од дуњата се приготвува вкусен мармалад и желе.

Семките содржат слуз, 15% масла, протеини и малку амигдалин.

Лековитоста на дуњата

За лек се користат плодовите, листовите и семето од дуњата. Слузта од семето на дуњата (Mucilago Cydoniae) се прпрема со ставање на семето во вода, а се користи за лекување на рани настанати од долготрајното лежење на болните, за лекување на изгоретини, и како средство за облоги при воспалени очи и распукана кожа.

Благодарение на слузта и пектинот, дуњата е многу добра за лекување на воспаленија на грлото и слузницата на крајниците и на дишните патишта.

Слузта се користи, исто така, и во козмеетичката индустрија, за правење на лосиони и креми за кожа.

При воспаленија на слузницата на желудникот и цревата се препорачува варена дуња, која ги ублажува јаките проливи. Плодовите на дуњата содржат слузави материи: пектин, масла, амигдалин, фосфорна киселина и витамин Ц.

Дуњата е природен лек и за слабокрвноста.

Сокот од дуња, сварен со еднаков дел на шеќер, е извонреден сируп против заболувања на дишните патишта и болестите на грлото. Бидејќи дуњата стега, се препорачува сируп од ова овошје за лекување на рани, а помага и при пролив.

 

Прочитајте и: