• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Со чај од нане до подобро здравје Печати

Нането, воглавно, се одгледува поради листот (Mentha piperitae folium) и стебленцата со лисја (Mentha piperitae herba), односно поради етеричното масло (Mentha piperitae aetheroleum). Оваа билка содржи околу 1.25 % етерично масло и тоа 50 до 90% е ментол и 5 до 20% е ментон. Етеричното масло се добива со екстракција од стебленцата и од лисјата на нането.

Дивите врсти на нане (Mentha arvensis и други), како и питомите, се користат за подготвување на вкусен и здрав чај, кој помага при многу заболувања. Така чајот од нане е корисен при главоболка, стомачни тегоби, несоница, општа слабост и малаксаност, настинка и кашлица.

Во народната медицина нането се покажало како природен лек при: стомачни заболувања (пролив и надуваност на стомакот), заболувања на дишните патишта (воспаление на уста, грло и при кашлица), нервоза, болести на жолчната кеса и жолчните патишта, цревни заболувања, болести на црниот дроб итн.

Нането во исхраната може да се употребува и како зачин и често се додава во многу јадења, бидејќи го подобрува варењето на храната.

Чај од нане

Чај од нане е чај кој може да се сретне речиси во секое домаќинство. Најчесто поради пријатниот вкус и мирис. Но, сигурно не сте ни претпоставувале колкава добробит носи тој.

На кратко кажано, речиси и да не постои болест за која нането не може да се употреби. Сепак, при купувањето на овој чај, обрнете внимание на составот. Најдобро е да купувате чај од органско или природно одгледано нане или, ако не сте во можност да пронајдете ваков чај, тогаш купете барем чај без додадена арома, мирис или некој друг додаток, односно чај на кој пишува дека составот е 100% нане.

Освен во облик на чај, нането може да го пронајдете и во облик на капсула, тинктура, етерично масло и таблети. Делувањето е исто или барем слично.

Нането од многу одамна се користело за лечење на настинка и во тоа е многу успешно, но ќе наведеме некои помалку познати делувања.

Чајот од нане делува смирувачки и ги јакне нервите. Ако го комбинирате со розмарин и матичњак ја зајкнува психичката отпорност и ја лечи емотивната нестабилност. (Чајот го припремате така да измешате иста количина од трите билки, потоа една лажичка од таа мешавина ќе ја прелиете со шоља врела вода. Ќе ја оставите да одстои 10 минути. Дневно пијте по три шољи, најдобро пред главните оброци).

Пет капки од етеричното масло капнати на коцка шеќер, на некоја адекватна бонбона или кекс делува против вртоглавица, мигрена, главоболка и мачнина.

Со помош на нането ќе ја одстраните надразнетоста на желудникот, сите проблеми со варењето на храната, гасови и надуеност.

Облози од нане смируваат осипи и црвени очи.

Сепак, треба да се внимава ако имате намера самите да соберете нане некаде во природата, бидејќи некои врсти на нането (луто нане) може при неправилна употреба да биде многу штетна. Исто така, треба да се внимава и при користење на купено нане, никогаш не претерувајте количински и не надминувајте ги препорачаните дози.

Подготовка: Доколку во упатството од пакувањето не е поинаку назначено, една чајна лажичка од билката или една филтер вреќичка прелијте ја со 0,2 л врела вода. Поклопете ја и оставете да одстои 5 до 10 минути. Процедете ја и пијте свежо припремен чај.

 

Најчитани текстови