• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Влијанието на гликемискиот индекс на ризикот од рак на дојка Печати

Прекумерното внесување на јагленохидрати со исхраната т.е. високиот гликемиски индекс, се поврзани со зголемен ризик за рак на дојка, тврдат шведските научници од Институтот Каролинска.

Со анализирање на податоците за исхраната на 61 433 жени, во тек на 17 години, научниците утврдиле дека честата консумација на намирници со висок гликемиски индекс (после чија консумација доаѓа до нагол скок на нивото на шеќерот во крвта) е поврзана со поголем ризик за рак на дојка.

Ризикот бил најголем за развој на рак на дојка, кој е поврзан со хормонот естроген.

Истражувачите веруваат дека гликемискиот индекс на храната влијае на зголемувањето на концентрацијата на инсулинот и на некои полови хормони (естроген) и на тој начин го зголемува ризикот од рак да дојка. Високото ниво на некои хормони, како што се естрогенот и инсулинот можат да го зголемат ризикот за развој на повеќе видови на малигни заболувања.

Познато е дека хормонот естроген го зголемува ризикот за рак на дојка и дека го забрзува растот на малигните клетки кај некои видови на рак на дојка.

Резултатите од студијата биле објавени во „International Journal of Cancer“.