• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Дебелината во младоста – една од можните причини за рак на панкреас Печати

Неколку неповолни факти го карактеризираат ракот на панкреасот, заболување кое некои автори го означуваат како застрашувачко.

Пред сé, инциденцата на панкреасните неоплазми е во постојан пораст, а причините за тоа сеуште се непознати.

Понатаму, ракот на панкреасот многу тешко се дијагностицира во ран стадиум на болеста, кога е можно излекувањето. Тој обично се открива во напреднат стадиум на болеста кога, дури и палијативните третмански постапки, ретко го постигнуваат саканиот ефект.

И покрај техничкиот развој и усовршувањето на методите кои овозможуваат откривање на присуство на малигноми, постигнат е разочарувачки мал напредок во раното откривање и во разбирањето на биологијата на овој малигном.

Сепак, новото истражување покажало дека ракот на панкреасот може да се спречи доколку луѓето се во состојба да ја контролираат и одржуваат својата нормална телесна тежина, пишува „Глас на Америка“.

„За жал, не постојат сигурни анализи на крвта, кои рутински би се изведувале и кои би можеле да предупредат на зголемениот ризик од рак на панкреас или на првиот стадиум на болеста, вели Dr. Kalan од Медицинскиот факултет при Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Dr. Kalan вели: „Местото на кое се наоѓа панкреасот во нашиот организам, ја прави дијагнозата исклучително тешка. Панкреасот е орган кој се наоѓа длабоко во внатрешноста на човековото тело и туморот, кој се јавува на ова место, може многу да порасне, а да пациентот нема никакви првични симптоми“.

Операцијата е единствен спас за оние пациенти, кај кои болеста е дијагностицирана во раниот стадиум. Засега сеуште не постои успешна терапија за доцните стадиуми на болеста, кои се и најчести.

Сепак, истражувачите од „Anderson University“, велат дека можеби постои начин да се спречи појавувањето на оваа болест. Професорката Don-gi Li истакнала дека постои врска помеѓу телесната тежина и ракот на панкреасот.

„Има сé поголем број на докази дека постои врска помеѓу гојазноста и ризикот од рак на панкреас“ вели Dr. Don-gi Li.

Dr. Don-gi Li ги споредила податоците добиени со проучување на 800 лица заболени од рак на панкреасот со 754 здрави луѓе. Таа ги запрашала да се се сетат колкава била нивната тежина во различни периоди од животот. Во студијата се наведува дека оние кои имале вишок килограми како тинејџери имале двојно поголем ризик да заболат од рак на панкреас, во споредба со оние кои никогаш немале вишок на килограми.

Студијата, исто така, покажала дека кај дебелите пациенти, зголемената телесна тежина влијаела болеста да се открие 2 до 6 години подоцна, отколку кај пациентите со нормална килажа.