• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Боровинки - природен лек за шеќерна болест

Уште во средниот век било познато дека во сокот од боровинката има нешто што е извор на здравје и снага. Познато е дека во тоа време луѓето, па така и новороденчињата не се капеле често. Но, ако некое бебе било болежливо, мајката секојдневно го триела со сок од боровинки. Тоа бил природен лек за долг и здрав живот. Во средниот век луѓето верувале дека сокот од боровинки ја спречува и чумата.

Боровинката е многу вкусно и лековито овошје. Таа содржи малку калории, но е права ризница на здрави и лековити состојки. Пола шоља свежи боровинки содржи само 40 калории, а нуди цела низа на здрави состојки како што се: калиум, железо, витамин Ц, витамин А, растителни влакна, антоцианини, фенолицини...

Денес многу научни истражувања потврдиле дека боровинката е здрава храна и лек за спречување и лекување на многу болести.

Истражувања докажале дека дивите боровинки помагаат и во третманот на шеќерната болест. Тие имаат моќни антидијабетични својства.

Професорот Јарборо вели дека дивите боровинки не ја спречуваат шеќерната болест, но помагаат да се успори напредувањето на болеста, како и да се подобри здравјето и функционалноста на организмот.

Чај од листови на боровинка – природен лек против шеќерна болест

Во еден литар врела вода ставите една шака суви или свежи листови од боровинка и оставете го да одстои 10 минути. Се пијат 3 до 4 шољички дневно. Уште поделотворен е мешаниот чај од листови на дива или питома боровинка, листови од дива јагода и од капина. Овој чај е еден од најдобрите природни лекови против шеќерната болест.

 

Прочитајте и: