• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Домат - моќен природен антиканцероген

Доматот е вкусен и лековит зеленчук. Кај нас доматот доста се одгледува и често се користи во исхраната, било како свеж, во форма на сок или како додаток на јадењата.

Доматите потекнуваат од Мексико и Централна Америка и биле култивирани уште од Астеките и Инките. Подоцна, доматите се пренесени во Шпанија, Португалија, Италија и Франција. Французите ги нарекуваат доматот „љубовно“ јаболко, а Германците „рајско“ јаболко.

Во почетокот доматот се користел како украсна билка и на него се гледало со сомнеж, бидејќи се мислело дека е отровен. Во втората половина на 19 век е откриена хранливоста на плодот и од тогаш се помасовно сè одгледува и користи во исхраната. Луѓето веднаш забележиле дека доматот допринесува за подобрување на здравјето, што довело и до испитување на неговиот хемиски состав.

Лековитите својства на доматот - моќен природен антиканцероген

Неодамна спроведените научни истражувања покажале дека луѓето кои во својата исхрана редовно консумираат домати (solanum lycopersicum) имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни и малигни заболувања, но и од други хронични болести.

Доматот е високовредна намирница која во себе содржи многу малку масти, калории и холестерол, а обилува со витамини А и Ц, со бета каротин и минерали. Еден средно голем свеж домат има само 25 калории, а е одличен извор на витамини, минерали и други корисни и лековити состојки.

Доматот содржи и ликопен. Ликопенот е јак антиоксиданс од групата на каротиноиди. Човечкиот организам не може да ги синтетизира каротиноидите, па затоа тие може да се внесат во организмот само преку храна богата со ликопен. Апсорпцијата на ликопенот е поголема и подобра кога се консумираат производи од домат, отколку кога се консумира свеж домат. Се претпоставува дека при готвењето на доматот, од него се ослободува ликопенот, и на тој начин тој полесно може да се апсорбира.

Ликопенот е докажан антиоксиданс кој помага во отстранувањето на слободните радикали од организмот. Слободните радикали се нестабилни молекули на кислород, кои предизвикуваат рак и други сериозни заболувања. Поради тоа, доматите играат клучна улога во превенцијата и лекувањето на многу сериозни заболувања.

Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и во намалување на ризикот за рак на желудникот, на дојката и на кожата. Мажите кои консумираат 10 домати неделно имаат 45% помали шанси да заболат од рак на простата.

Ликопенот може, исто така, да го успори и растот и ширењето на ракот на простата кај лица кои веќе се заболени од оваа малигна болест.

Ликопенот го има во лубеницата, црвениот грејпфрут, гуавата, папајата, но најмногу го има лушпата на доматот. Препорачан дневен внес на ликопен е од 5–10 mg.

Доматот содржи и органски соединенија терпени (терпеноиди) кои помагаат во блокирањето на туморите. Други намирници со висока концентрација на терпени се билките како: розмарин, тимијан, оригано, босилок и нане.

Доматот ја подобрува работата на цревата, кардиоваскуларниот систем, , помага при дијабет, воспаленија на дишните патишта, ја штити кожата од штетните сончеви УВ зраци, ја превенира слабокрвноста, го зајакнува имунитетот, штити од рак...

Доматот ја подобрува работата на цревата,. Тој е природно средство за полесно празнење на цревата, па им користи на лицата кои патат од запек и хемороиди.

Исто така, поволно делува и на високиот крвен притисок, ја стимулира функцијата на панкреасот, ја подобрува циркулацијата во организмот. Доматот е природен лек и за сабокрвноста, а ја регулира и шеќерната болест.

Бидејќи доматот е богат со витамн Ц, тој помага во спречување на напади на астма, инфекции на дишните патишта, солзење на очите и други алергиски симтпоми.

Доматот се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем на организмот, но и за диетална исхрана, бидејќи е хранлив, а нискокалоричен.

Доматот, поради големата содржина на ликопен и бета каротин, ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради емисијата на УВ зраци т.е. при сончањето. Варениот џус од домат има голема количина на ликопен кој ја птити коѓата од опекотини. Научниците нагласуваат дека сосот од пдомат најдобро е да се комбинира со малсиново масло, бидејќи тоа ја помага апсорпцијата на антиоксидансите. Стручњаците нагласуваат дека ваквата заштита трае цел ден, го штити телото од кумулативниот ефект од сончевите зраци/

Парчиња од свеж домат може да се користат и како облоги за лекување на чиреви, мозолчиња на кожата и некои кожни заболувања.

Доматите се применуваат на бројни начини. Свежи или исечени на парчиња или измешани во салати - тие се секогаш вкусни. Нивниот вкус е единствен во природата и го подобрува вкусот на секоја храна која се готви. Доматите исто така се користат во форма на џус, супа, пире, сос и кечап

 

Прочитајте и: