• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Магдонос - здрав зачин и природен лек

Магдонос (Petroselinum crispum F, Apiaceae/Umbelliferae)

Магдоносот е двогодишна билка со зелени листови и бел, тенок корен. Оваа билка има пријатен и освежувачки мирис. Магдоносот се користи во нaрoднaтa мeдицинa како лековита билка, а во исхраната често се користи како зачин и храна. Во исхраната и во народната медицина се користат и коренот и листовите на магдоносот.

Магдоносот нема високо-калорична вредност, но е исклучително богат со минерали и витамини. Затоа тој е една од најздравите и најлековитите билки.

После листовите на шипката и на боровинката, листовите на магдоносот содржат најмногу витамин Ц. Во100 грама магдонос има дури 170 милиграми витамин Ц. Содржи доста и провитамин А и витамини од група Б, дури го содржи и реткиот витамин Б12, кој е значаен за стварањето на црвените крвни зрнца.

Магдоносот е и природна ризница на многу минерали. Само во 100 грама листови од магдонос има околу 1630 милиграми минерали, од кои половината отпаѓаат на калиумот, клучен минерал неоходен за здравјето на организмот. Калиумот е минерал кој е одличен за намалување на крвниот притисок, помага во нормализирањето на отчукувањата на срцето, испраќа кислород до мозокот и ја регулира количината на вода во телото. Затоа магдоносот е природен лек за лицата со висок крвен притисок и со ослабен кардиоваскуларен систем.

Магдоносот, покрај калиум, содржи и други корисни минерали: железо, калциум, магнезиум, манган и бакар...

Листовите од магдонос најдобро е да се конзумираат свежи (како додаток на салатите), бидејќи единствено во таква форма тие го задржуваат своите здрави и лековити состојки.

Магдонос - богата ризница на здрави и лековити состојки

Магдоносот има огромно нутритивно и значајно лековито дејство, поради богатството на состојките кои ги содржи: етерично масло (во плодот 2,5-7%, во листовите и во коренот околу 0,1%), растително масло богато со незаситени масни киселини, флавоноид - апиозид, слуз, шеќери, малку танини и огромно количество различни минерални материи (натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо, цинк, јод, флуор), витамини (бета каротен, витамините Е, Б1, Б2, Б6,Б12, фолна и пантотенска киселина, биотин, витамините К и Ц), есенцијални масни киселини (хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, триптофан), и антиоксиданти.

Нутритивно и лековито дејство

Малкумина знаат дека 5-6 гранчиња магдонос содржат толку витамин А колку што има во 1/4 лажичка рибино масло. Истите 5-6 гранчиња содржат и витамин Ц во количество од 2/3 колку што го има во еден портокал.

Магдоносот содржи важни есенцијални аминокиселини, кои учествуваат во градбата на сите клетки на организмот. Есенцијални аминокиселини го штитат организмот. Внесот на есенцијални аминокиселини е многу важен, бидејќи организмот нив неможе да ги синтетизира, а аминокиселините се градежни елементи на протеините. Затоа, есенцијалните аминикиселини треба да се внесуваат со храната.

Особено е интересен фактот што магдоносот ја содржи аминокиселината хистидин, која најверојатно го спречува развојот на туморот организмот. Поради големото количество на витамини, минерали, аминокиселини и други здрави состојки, магдоносот со право се нарекува природен антиканцероген. Тој ја зајакнува природната одбрамбена отпорност на организмот, го чисти од слободните радикали и помага во борбата против ракот.

Магдоносот е јак природен диуретик. Тој го зголемува излачувањето на вишокот течности од организмот. Го поттикнува излачувањето на урината и помага при задржувањето на вишокот течности во организмот. Тој е извонреден природен диуретик и често им се препорачува на лицата кои имаат отоци. Бидејќи ја подобрува работата на бубрезите, магдоносот е природен „чистач“ на организмот и помага во исфрлањето на отровите од организмот. Затоа, магдоносот е природен лек за намалување на зголемениот крвен притисок.

Како резултат на зголемената диуреза, се намалува количеството на калиумот кој е неопходен за нормално функционирање на речиси сите ситеми во организмот. Затоа, ако често користите чај од магдонос, внесувате и доволно калиум со исхраната. Калиумот го има во магдоносот, но и во многу видови овошје и зеленчук (банана, краставица, домат ...)

Магдоносот не се препорачува во големи количини за бремените жени и доилките, но е корисен во мали количини, како зачин.

Магдоносот се користи во народната кинеска медицина за лекување на болести на црниот дроб, за заболувања на органите за варење, за подобрување на циркулацијата, за инфекции на мочните патишта, за смирување на нервите, за намалување на подуеноста на цревата, за намалување на болките, за прочистување на крвта (помага и во стварањето на црвените крвни зрнца), помага при грозница, воспаление на очите, болести на бубрезите, флеки на кожата, при убоди од инсекти и при срцеви проблеми.

Магдоносот е одличен природен тоник за чистење на очите. Во оваа билка има големи количини на лутеолин, кој им помага на очите во заштитата од UV зрачењето.

Поради големата содржина на витамини од групата Б, магнезиум и калиум, магдоносот го смирува нервниот систем и ја подобрува концентрацијата и памтењето. Витаминот Б6, кој го има во оваа билка, го регулира нивото на шеќерот во крвта. Затоа магдоносот е природен лек и за дијабетичарите.

Магдонос за јакнење на нервите

Коренот и листовите на магдоносот се рендаат односно сецкаат. Се додава сок од малина и багремов мед. Се земаат 1-2 лажички од оваа смеса навечер, пред спиење.

Магдонос против шеќерната болест

Многу едноставен рецепт за ублажување на шеќерната болест е следниов: Изрендајте корен од магдонос и исецкајте свежо набрани листови од магдонос. Додадете јогурт или кисело млеко. Јадете ја оваа здрава смеса навечер, пред спиење.

Магдонос против отечени и воспалени очи

Во 300 грама вода се ставаат 2 лажици иситнето лисје од магдонос. Се вари 2-3 минути. Кога ќе се олади чајот, се процедува низ стерилна газа. Со овој чај се испираат очите повеќе пати во денот, а навечер се ставаат облоги, кои може да стојат подолго време. За облоги се земаат 6 гранчиња магдонос, убаво се измиваат и се ставаат на очите. Очите се врзуваат со газа и дури наутро се вади облогот, во замрачена просторија.

Магдонос за чистење на организмот и за отстранување на вишокот на течности

За оваа цел се користи интегрална билка. Коренот, лисјата и плодот од магдоносот се иситнуваат. Се варат 5 супени лажици од оваа смеса во пола литар вода. После варењето, треба да се остави смесата да одстои уште 20 минути. Потоа се процедува и се пие три пати на ден по една мала шољичка. Овој чај ги намалува отоците и го намалува високиот крвен притисок.

Совет:

Пред да го вклучите магдоносот во секојдневната терапија, ви препорачуваме задолжително да се консултирате со вашиот матичен лекар.

 

Прочитајте и: