• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Житарици – важни намирници за човекот

Житариците се најздрав избор за почеток на денот. Луѓето кои јадат житарици за појадок консумираат повеќе млеко од вообичаената количина и јадат помалку масна храна, месо, јајца и засладени пијалоци, стои во резултатите од истражувањето кое се спроведувало во период од 10 години.

Во студијата се наведува дека јадењето на житарици оди заедно со другите здрави навики како, на пример, редовното вежбање. Житариците се богати со витамини, а луѓето кои јадат житарици за доручек внесуваат и повеќе влакна и јагленохидрати во текот на денот, а и повеќе физички вежбаат.

Научниците во својата студија најмогу се труделе да дознаат зошто токму доручекот сите го нарекуваат најздрав оброк. Редовното појадување е поврзано со подобра исхрана, помало внесување на масти во телото, повисока стапка на физичка активност и подобар квалитет на живот.

Исто така, во истражувањето бил споредуван и животниот стил на лицата кои консумираат житарици со оној на лицата кои јадат други видови доручек.

Познато е дека житариците се богати со влакна, со железо, витамини, минерали, а сиромашни со масти, холестерол и шеќер.

Научниците заклучиле дека луѓето кои јадат житарици имат општо подобра исхрана, бидејќи пијат повеќе млеко, јадат помалку масна храна, помалку шеќер, леб и пијат помалку газирани сокови.

Житариците се едни од најважните намирници за човекот. Тие ги содржат сите потребни хранливи материи, кои се во идеална равнотежа. Содржат: вода, минерали, протеини, масти и јаглехидрати, во различни количества во зависност од видот на житарицата. Сите нутритивни материи кај житариците се во природна рамнотежа, која е идеална за човечкиот организам.

Денес обично се користат бели, рафинирани брашна, т.е. брашна добиени со отстранување на обвивката и ‘ркулецот на зрното. Но, вака преработени, белите брашна ги губат и витамините, минералите, корисните масти и растителните влакна. Јадрото на житарките е богато со јагленохидрати, па тие материи кај брашното од рафинирано зрно стануваат необично концентрирани, без останатите хранливи материи погодни за организмот.

Житните зрна се составени од три дела: обвивка, ‘ркулец и јадро. Во секој од нив има хранливи материи со важна улога во начинот на исхраната на луѓето. Јадрото на житното зрно е богато со сложени јагленохидрати и протеини, кои се основен извор на енегрија и на мали количества минерали и витамини. ‘Ркулецот или ембрионот содржи антиоксиданси, витамини од групата на Б комплекс, витамин Е и незаситени масни киселини. Обвивката, пак, е извор на растителни влакна, минерали и витамини.

 

Прочитајте и: