• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Фитотерапија: Валеријана (Valeriana officinalis L.) Печати

Валеријана (Valeriana officinalis L.) е билка која спаѓа во фамилијата Valerianaceae, односно во фамилијата на валеријановоцветните растенија. Оваа фамилија на билки содржи околу 350 видови распоредени во 7 родови. Овие растенија најчесто се тревести, а нивните листови имаат јак мирис. Тие виреат во повеќето региони на светот, освен во Австралија.

Валеријана (Valeriana officinalis L.) уште се нарекува и обична или градинарска валеријана. Таа е висока повеќегодишна зељеста билка со полно стебло од 0,5 до 1,5 метри. Има кратки задебелени и многубројни корени, кои даваат специфичен мирис. Лисјата се непарно перести, истенчени. Долните лисја се со долги дршки со 4 - 12 пара странични ливчиња. Валеријаната цути од јуни до август. Плодот на валеријаната е сплоснат со издолжено оревче, долго околу 3 мм.. Валеријаната расте по напуштени ливади, во грмушки и слично.

Лековитоста на валеријаната

Во медицината се користи коренот на култивираната билка, кој се собира наесен. ризмоните и корените на валеријаната содржат од 0,5 до 2, 0 % етерично масно, кое се состои од сложен етер на борнеол и изовалеријанска киселина, пинен и други терпени. Етеричното масно го има повеќе во корените на валеријаната. Валеријана содржи и валеријанска киселина, алкалоидите: валерин и хатинин, испарливи бази перил-метилкенон, гликозид валерин и др.

Лековитото дејаство на валеријаната е условено од комплексот на активни материи кој го содржи оваа билка.

Во народната медицина коренот од валеријаната широко се употребува во вид на тинктура и сируп како природно средство на смирување. Во некои земји се употребува и како природен лек против ракот.

Успешно се користи во анти-пушачките третмани затоа што ефикасно го прочистува организмот од наталожениот никотин, ја намалува потребата за цигари, нервозата и вознемиреноста. Со успех се користи при проблеми со несоница, тегоби при патување, а и во секојдневниот живот на епилептичарите за подобро поднесување на кризните грчеви и напади.

Чај од валеријана

Чајот од коренот на валеријаната успешно се користи при лекување на сите нервни заболувања. Се постигнуваат извонредни резултати при епилепсија, хистерија, хипохондрија, нервоза, вознемиреност, несоница, грцеви околу срцето, нервозни грчеви на душникот, астма, грчеви и болки во желудникот и цревата, при подуеност на цревата, повраќање, вртоглавица. Се препорачува и за лекување на невротска главоболка.

Тинктура од валеријана

Тинктурата се припрема така што 20 грама на иситнет корен од валеријана се прелива со 100 грама 70% алкохол. Се остава да стои 14 дена, со често протресување. Потоа се процедува. Се земаат 20- 40 капки на коцка шеќер со вода, најдобро пред спиење.

Капките не смеат да се употребуват подолго од 3 недели и потребно е да се направи пауза од 5 недели. Валеријаната го намалува крвниот притисок и успива, па лицата со низок крвен притисок треба многу да внимаваат при земањето на овие капки.

Совет

Немојте никако на своја рака да земате капки од валеријана. Пред да се одлучите да почнете да ги користите, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

 

Најчитани текстови