• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Помалку сол за лицата со резистентен висок крвен притисок

Познато е дека солта го покачува крвниот притисок. Лицата со висок крвен притисок на кои не им помага земањето на повеќе различни лекови, веројатно внесуваат премногу сол во организмот, објавил научниот часопис „Hypertension“.

Овој заклучок се базира на резултатите добиени од една научна студија. Во истражувањето учествувале 12 испитаници кои просечно земале по 3 или 4 лека за контрола на крвниот притисок. По драстичното намалување на внесот на сол на 1,15 грама дневно, кај испитаниците со т.н. резистентна (отпорна) хипертензија дошло до изненадувачки голем пад на крвниот притисок, објавиле австралиските научници од Универзитетот Квинсленд.

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува дневен внес на сол помалку од 5 грама, но истражувањата укажуваат дека жителите на развиените земји просечно консумираат 9 до 12 грама сол дневно.

 

Најчитани наслови