• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Смоква (Ficus carica) - во борба против ракот

Смоквите се многу вкусно и здраво овошје. Целата смоква може да се јаде: од надворешната лушпа, до слаткиот, црвен, меснат средишен дел со ситни семки.

Опис и потекло

Смоквите спаѓаат во настарите култивирани овошја. Стеблото на смоквата се нашло во Рајската градина, се спомнува во Вавилонските написи, а Сунераните ја користеле смоквата во лековити цели, во 2900 година пред Христос. Смоквата била омилено овоштие на Клеопатра и на ателитачите на Олимпијадата, на кои им биле делени смокви како медали.На Медитеранот, смоквите дошле од Индија преку Турција.

За смоквите велат: „Смоквите обновуваат. Ги јакнат младите, а старите ги одржуваат здрави и им ги бришат борите за да изледаат помлади“.

Смоквите можат да се јадат свежи или суви. Тие можат и да се замрзнат и да се шуваат до 6 месеци.Сувите смокви се чуваат на ладно и темно место или во фрижидер неколку месеци.

Енергетска и нутритивна вредност

Свежи смокви

Енергетската вредност на 100 грама свежи смокви изнесува 74 kcal / 310 kJ. Од тоа содржи 19,2% јагленохидрати, 0,75% протеини и 0,3% масти.

Од минерали, свежата смоква содржи калиум (232 mg), калциум (32 mg), магнезиум (17 mg), фосфор (14 mg), манган (0,1 mg), железо (0,4 mg), селен (0,2 mg), бакар (0,07 mg) и цинк (0,15 mg).

Од витамини, свежата смоква содржи: витамини од Б групата, витамин Е, К и малку витамин Ц.

Во 100 грама свеж плод на смоква има 3 грама влакна, 31 милиграма фитостероли и 85 μg бета-каротин.

Сушени смокви

Енергетската вредност на 100 грама сушени смокви изнесува 249 kcal / 1041 kJ. Од тоа содржи 64% јагленохидрати, 3,3% протеини и 0,9% масти.

Од минерали, сувата смоква содржи: калиум (680 mg), калциум (162 mg), магнезиум (68 mg), фосфор (67 mg), манган (0,5 mg), железо (2 mg), селен (0,6 mg), бакар (0,3 mg) и цинк (0,5 mg).

Од витамини, сувата смоква содржи малку витамин Ц, витамини од групата Б, витамин Е и К.

Во100 грама сув плод има 9,8 g влакна, 32 mg лутеин-зеаксантин.

Лековитост на смоквата

Смоквата со својот нутритивен состав и лековити својства се издига над многу видови на овошје.

Смоквите се подобар извор на растителни влакна од повеќето видови на овошје. 28% од влакната на смоквата се растворливи. Овој вид на растителни влакна помага во контролата на нивото на шеќерот во крвта и го намалува нивото на холестеролот, врзувајќи го од цревата.

Студиите покажуваат дека со консумирање на овошје богато со растворливи растителни влакна се намалува енергетскиот внес, а, се задржува ситоста како и со консумирање на храна со повисока енергетска вредност. Тоа значи дека растителните влакна можат да помогнат во намалувањето на телесната тежина.

Нерастворливите растителни влакна од смоквата поволно делуваат на здравјето на дебелото црево. Тие го регулираат варењето на храната и овозможуваат нормално празнење на цревата.

Некои проценки покажуваат дека околу 70% од случаите на рак се поврзани со лошата исхрана. Повеќето прехрамбени теории го поврзуваат високиот внес на масти и нискиот внес на влакна со ракот на дебелото црево.

Низа истражувања покажале дека консумирањето на овошје и зеленчук може да влијае на успорувањето на појавата на рак. Порано ова својство им се препишувало на витамините и минералите, но откриено е дека поголема заштитна улога имаат полифенолите. Тие делуваат како антиоксиданси, ги блокираат гените кои предизвикуваат рак и го успоруваат растот на ткивото на ракот.

Освен вообичаените полифеноли, смоквите содржат и бензалдехид и кумарин, кои успешно се користат во терапијата против ракот.

Голем број на епидемиолошки студии ја докажуваат заштитната улога на овошјето и зеленчукот према крвните садови. Со консумирање на свежо овошје и зеленчук значително се намалува ризикот за срцев инфаркт. Заштитната улога им се препишува на флавоноидите, кои во смоквите ги има околу 1,1 грам на 100 грама свеж плод, што е многу повеќе од вообичаеното овошје, црвеното вино или чајот. Смоквите имаат и поголема количина на калиум, кој заедно со калциумот делува на регулацијата на крвниот притисок и на тој начин го штити кардиоваскуларниот систем.

Свежата смоква делува смирувачки при воспаление на дишните патишта. Содржи висок процент на вода и природни шеќери, па е корисна при опоравување од исцрпеност и е природен „чистач“ на организмот.

Природните шеќери од смоквата ја стимулираат работата на мозокот и го зголемуваат памтењето.

Во народната медицина е познато дека мелените смокви се добри за чистење на лицето, а помагаат и при лекување на акни на кожата.

Листовите на смоквата се лековити и може да се јадат. Докажано е дека тие имаат антидијабетско дејство, ги намалуваат триглицеридите во крвта, а помагаат и во кочењето на растот на клетките на ракот.

Сувите смокви се препорачуваат ако држите диета. Зошто?

Сувите смокви се богати со влакна, па затоа тие го регулираат варењето на храната. Консумирање на 3 или 4 суви смокви наутро, пред доручек, ќе го забрза и олесни варењето на храната.

Совет плус: Во случај да почувствувате силна глад, земете две до три суви смокви. Тие се богати со магнезиум, влакна и се помалку калорични од другото суво овошје. Така, во 100 грама суви смокви има 249 килокалории.

 

Прочитајте и: