• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Круша - сочно и вкусно овошје кое е природен и брз извор на енергија

Крушата е сочно и слатко овошје со помалку зрнеста текстура. Постојат илјади видови од ова овошје и секое се разликува по боја, облик, вкус и големина. Може да се јадат свежи, да се преработуваат, готват, а сокот е посебно вкусен.

Иако според некои записи култивацијата на крушките датира од пред 3000 години, постојат претпоставки, според кои, во ова чудесно овошје уживал и човекот од Каменото доба. Во својот славен еп – Одисеја, Хомер ги окарактеризирал крушките како „дар на боговите“, а во времето на францускиот крал Луј XIV, крушите биле симбол на луксуз.

Латинскто име на крушата е Pyrus communis, а заедно со јаболкото и дуњата се вбројува во фамилијата ружи.

Крушата е богат извор на витамините Ц и К, бакар и растителни влакна. Витаминот Ц е познат борец против слободните радикали, а бакарот ги елиминира супероксидирачките радикали, додека влакната превентивно делуваат против ракот на дебелото црево.

Најмногу влакна има во кората на крушата па најдобро е таа да не се лупи.

Една круша или 170 грама содржи: 3,98 грама влакна, 6,64 мг витамин Ц, 0,19 мг бакар, 7,47 мг витамин К и има само 97,94 калории.

Крушите се идеален избор за лицата кои го усвоиле моделниот стил на живот, а со тоа се изложиле на стрес, динамичен и брз живот, исцрпеност и губиток на резервите на енергија.

Крушите се познати по тоа што од нив се прави квалитетна ракија, но тие се користат и за правење на компоти и мармалад. Сепак, најдобро е крушите да се јадат свежи. Тогаш тие најдобро го тонизираат организмот.

Зошто круши?

Круште се природен и брз извор на енергија. Тие содржат значителни количини на моносафариди: фруктоза и гликоза, како и левулоза – најсладок природен шеќер.

Крушата содржи и витамини од групата Б, кои му помагаат на организмот полесно да се справи со стресот. Тие го хранат нервниот систем и учествуваат во процесот на добивање енергија од јагленохидратите.

100 g крушки содржат 0.3 g протеини, 0.4 g масти, 9.5 g јагленохидрати, 2,8 g растителни влакна и 5 mg витамин Ц. Крушите содржат големи количини на калциум и железо, па затоа им се пропорачуваат, како задолжително овошје, на жените над 40 години, како превенција од остеопороза.

Крушите се, исто така, добар извор на витамин Ц, бакар, калиум и на растителни влакна.

Витамин Ц и бакар

Крушата е добар извор на витамин Ц и на бакар, нутритиенти кои имаат јако антиоксидативно дејство и ги уништуваат штетните слободни радикали во организмот. Затоа, крушите се и природни заштитници против многу заболувања, вклучувајќи ги и малигните болести.

Витаминот Ц, сам по себе, е можен антиоксиданс, а бакарот е неопходна компонента на супероксид-дисмутазата (SOD), еден од најјаките органски антиоксидативни ензими.

Растителни влакна

Свежата куша е извонреден извор на растителни влакна, посебно на пектин. Круша со маса од 166 g осигурува 6 g растителни влакна, од кои околу 40% е пектин. Растителните влакна се битен елемент на здравата исхрана и помагаат во одржувањето на нивото на шеќерот и холестеролот во крвта и овозможуваат нормална функција на цревата и нивно редовно празнење.

Исхраната богата со растителни влакна помага во превенција на ракот на дебелото црево, и во намалување на нивото на холестеролот во серумот. Токму поради големата содржина на растителни влакна, крушите се важен дел од секојдневната исхрана.

Калиум

Свежите круши се извонреден извор на калиум. Една круша со средна големина содржи 210 mg калиум. Калиумот учествува во регулацијата на срцевиот ритам, во мускулната контракција, во преносот на нервните импулси и во метаболизмот на белковините и јагленохидратите. Ја регулира работата на крвниот систем и учествува во изградбата на коските и забите.

Со оглед на тоа што калиумот лесно се излачува од организмот, преку дишењето и потењето, многу е важно овој минерал постојано да се надокнадува.

Хипоалергено овошје

Иако ова не е поткрепено со научни докази, сепак крушите се сметаат за хипоалергено овошје, кое многу помалку предизвикува алерии во однос на другите видови на овошје. Тоа е всушност и причина поради која крушките, меѓу првите овоштија, се вклучуваат во исхраната на доенчињата.

 

Прочитајте и: