• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Кои се пропратни несакани ефекти од лековите против канцерска болка? Печати

Сите лекови може да дадат некои несакани ефекти, но тие не мора да се јават и кај сите пациенти. Некои пациенти имаат различни несакани ефекти од другите. Повеќето несакани ефекти се јавуваат во тек на првите неколку часа од третманот, а потоа полека се губат. Несаканите ефекти се очекувани, но можат да бидат успешно отстранети, без потреба за прекинување на терапијата за болка.

Секој лек против болка има свои уникатни несакани ефекти. Најчести несакани ефекти од јаките лекови за болка (опиоиди) се:

  • запек,
  • конфузност,
  • апатија и
  • поспаност.

Јачината на овие несакани ефекти варира од пациент до пациент. Обично се јавуваат во тек на првите неколку земања на лекот. Но, еднаш кога ќе се постигне постојано ниво на лекот во крвта, несаканите ефекти обично се повлекуваат. Халуцинациите како и промените во однесувањето на пациентот се многу ретки.

Лековите за третман на слабата и умерена болка може да дадат повеќе несакани ефекти. На пример, антиинфламаторните лекови можат да доведат до оштетување на бубрезите, до појава на чир во желудникот или до покачување на крвниот притисок.