Епидемиологија на малигните тумори на меките ткива |
![]() |
Мекоткивните саркоми се малигни тумори на мускулното, сврзното, масното и неуроваскуларното ткиво. Во цел свет, приближно 7000 нови саркоми се дијагностицираат секоја година. Тие учествуваат со 1-2% од сите малигни солидни тумори кај возрасните и со 15% од сите солидни тумори кај децата. Туморите имаат свој пик на инциденца кај возрасните и тој е во петата деценија од животот. Најчеста локализација на мекоткивните саркоми е на долните екстремитети (40%), потоа на трупот (30%), на горните екстремитети (15%) и на главата и вратот (15%). Инциденцата на мекоткивните саркоми во Европската Унија е 1-3/100.000 годишно, а морталитетот е 0,6-0,8/100.000 годишно. Мекоткивните саркоми се дијагностицираат во сите возрасни групи, но почести се кај постари пациенти со пик-инциденца во петтата декада. |