• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Лошата исхрана – виновник за ракот на дебелото црево

Ракот на дебелото црево најчесто се јавува кај лицата постари од 50 години, а ризикот од оваа болест, и кај мажите и кај жените, расте со возраста.

Се смета дека повеќе фактори влијаат на појавата на ракот на дебелото црево, како што се: наследната склоност, начинот на исхрана, режимот на живот, разни видови на стрес, објаснува д-р Иван Попов, научен советник за клиничка онкологија од Институтот за онкологија и радиологија во Србија. Тој истакнува дека еден од најбитните фактори на ризик за настанување на ракот на дебелото црево е наследниот фактор.

Генетските фактори, несомнено, имаат важна улога во појавата на ракот на дебелото црево. Покрај фамилијарната аденоматозна полипоза (ФАП) и нејзините варијанти, постои и друга група на т.н. вродени наследни неполипозни карциноми. Оваа група опфаќа два главни синдрома означени како Lunch тип 1 и Lunch тип 2, кои се наследни заболувања.

Причината за настанување на ФАП, кое е наследно заболувење, претставува инактивацијата на тумор супресивниот ген на хромозомите 5, 9 и 21. Клинички, синдромот се манифестира со појава на мултипни полипи, кои покасно малигнизираат. Се развиваат стотина полипи во слузницата на дебелото црево, кои ако не се лекуваат, најверојатно ќе предизвикаат појава на рак на дебелото црево.

Појава на рак на дебело црево е поверојатна кај лица чии блиски роднини (родители, браќа, сестри, деца) имале или имаат рак на дебелото црево, посебно ако го имале во младоста. Ризикот е поголем доколку повеќе членови од семејството имаат рак на дебелото црево.

Др.Иван Попов го наведува како голем проблем и податокот дека, за жал, секој трет пациент со рак на дебело црево се јавува на лекар кога болеста веќе метастазирала. Процесот на развојот на ракот на дебело црево трае долго, 7-8 години, а пациентот нема никакви симптоми и знаци на болеста, што ја прави оваа болест дополнително проблематична и подмукла.

Др.Иван Попов нагласува дека секој кој ќе примети дека има крв во столицата мора веднаш да се јави на преглед. Колоноскопијата е непријатен преглед, но веќе долго години се изведува под анестезија, пациентот не чувствува ништо и после 2 часа од прегледот, може да си оди дома.

Кога некој ќе наполни 50 години, иако нема никакви тегоби, треба да направи превентивен преглед на дебелото црево. Тогаш постојат големи шанси да се овој подмукол процес – од полипи до карцином запре на пола пат. Иако полипот направил веќе некои мутации, не се равил во рак. Тој може многу лесно хируршки да се отстрани.

Досегашните резултати од истражувањата покажуваат дека ракот на дебелото црево постепено се развива од бенигните полипи. Откривањето на присутните полипи и нивно хируршко отстранување може да помогне во спречувањето на развој на рак на дебело црево. Со едноскоп се доаѓа до полипот и се отстранува. Самата интервенција на отстранување на полипите не е болна. И тој пациент е сигурно спасен, тврди д-р. Иван Попов.

Превенција

Луѓето можат да направат многу за да ја спречат појавата на ракот на дебелото црево.

Пред се, треба да се води смета за правилната исхрана. Како превенција од ракот на дебелото црево се наведува исхрана богата со растителни влакна. Се препорачуваат најмалку 5 порции на свежо овошје и зеленчук дневно, Најмалку еднаш неделно треба да се консумира брокула и зелка. Се препорачува да се јаде почесто риба и пилешко месо, а да се намали консумацијата на црвено месо,на најмногу 2 пати неделно.

Редовната физичка активност и одржувањето на нормална телесна тежина, исто така, го намалуваат ризикот од настанување на ракот на дебелото црево.

 

Прочитајте и: