• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Хормонската терапија ризична за одредени пациенти со рак на простата и срцеви заболувања

Новата американска студија откри дека пациентите со рак простата, кои имаат одредени срцеви заболувања и кои примаат хормонска терапија, или пред или со радиотерапија, имааат поголем ризик од смрт, во споредба со пациентите кои не примале хормонска терапија.

Студијата покажала дека ризикот од смрт од срцева слабост или од срцев удар речиси двојно се зголемил за мажите со коронарна болест, кога тие примале хормонската терапија, како дополнување на радиотерапијата.

Истражувањето е направено од страна на Akash Nanda of Brigham & Women's Hospital-Dana-Farber Cancer Institute, во Бостон, Масачусетс, и е обајвено на интернет, на 26 август во часописот на американската медицинска асоцијација - JAMA.

Други истражувања веќе покажаа дека додавањето на хормонската терапија на зрачната терапија кај пациентите со рак на простатата, кои имале полоша прогноза, ги зголемува стапките на преживувањето, ако пациентите немаат умерена или изразена срцева болест.

Во оваа студија, Dr. Nanda и нејзините колеги испитале 5.077 мажи, со средна возраст од 69,5 години, кои имале локализиран или локално напреднат рак на простата. Пациентите биле лекувани во една клиника, во периодот помеѓу 1997 и 2006 година. Пациентите биле следени до јули 2008 година.

Сите пациенти примиле брахитерапија, вид на радиотерапија, и само една третина од нив, примила неоајувантна (предзрачна) хормонска терапија, во траење од 4 месеци. Неоадјувантна хормонотерапија, во овој контекст значи дека хормонската терапија била давана само или пред или во исто време со радиотерапијата.

Резултатите покажале дека:

419 пациенти починале за време на траењето на истражувањето.

Од овие, 200 немале други здравствени проблеми, 176 имале еден фактор на ризик за коронарна артериска болест, и 43 имале историја на коронарно- артериска болест, која довела до срцева слабост или до срцев удар.

Неодјувантната хормонска терапија не била поврзана со зголемен ризик од смрт, од сите причини, кај мажите кои немале други здравствени проблеми (9,6 % наспроти 6,7 %, после 5 годинишно следење).

Исто така, немало зголемен ризик за мажите кои имале фактор на ризик за една коронаро-артериска болест (10,7 наспорти 7,0 % после 4,4 години следење).

Но, за мажите со коронарна артериска болест (CAD)-која индуцира срцева слабост или срцев удар, по средното следење од 5,1 години, неоадјувантната хормонска терапија била поврзана со скоро двапати поголем ризикот од смрт од сите причини (26.3 наспроти 11,2 %).

Истражувачите заклучиле дека:

Примената на неоадјувантната хормонотерапија е поврзана со значително зголемен ризик за смрт, од сите причини, кај луѓето со историјата на коронарно артериска болест (CAD), која идуцира срцева слабост и срцев инфаркт.

Но, неодјувантната хормонотерапија не го зголемува рзикот од смрт кај пациентие без пропратна болест или со еден фактор на ризик за коронарна артериска болест.

Авторите изјавиле дека клиничкото значење на ова откритие е во тоа што:

„За мажите со помалку агресивен рак на простатата и со историјата на срцева слабост или со срцев удар, кои имаат потреба од неоадјувантна хормонотерапија, треба да се размисли за можноста за примена на други атернативни стратегии, како што се активен надзор или третман со надворешна радиотерапија или со радикална простатектомија.

Меѓутоа:

„За мажите со повеќе агресивен рак на простатата, кој бара хормонска терапија и радиотерапија, треба да се искористат предностите на хормонотерапијата, со тоа што кај овие пациенти треба, пред да се започне со хормонската терапија, да се направи соодветна медицинска евалуација и да се следат почесто и контролираат“, изјавил авторот на студијата.

 

Најчитани наслови