• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Дали знаете што се каротиноиди?

Каротиноидите се толку важни молекули кои сигурно заслужуваат напис посветен само на нив. Каротиноидите се пигменти (ја дават специфичната боја на овошјето и зеленчукот), и имаат јаки антиоксидативни и антиканцерогени својства. Тие го штитат организмот од штетното дејство на сончевите зраци и од другите канцерогени агенси.

До сега се откриени повеќе од 600 различни каротиноиди, а се наоѓаат во зеленото, црвеното, жолтото и портокаловото овошје и зеленчук, во нивните листови, во кората и во плодовите.

Најпознати каротиноиди се:

Бета-каротин: ги стимулира одбрамбените снаги на организмот, ја штити кожата од опасното УВ зрачење, неопходен е за раст на нови клетки и за обновување на ткивата, помага дури и при одвикнување од алкохол. Интересно е од каде потекнува името на овој пигмент. Имено, бета-каротинот за прв пат е изолиран од морковот (на англиски -.carrot), па по него и го добил името каротин.

Каде се наоѓа бета-каротинот?

Бета-каротинот во поголеми количини се наоѓа во морковот, дињата, крушата, кајсијата, доматот, брокулата, блитвата и спанаќот.

 

Ликопен: спаѓа во групата каротиноиди, Ликопенот е најсилен антиоксиданс, ги штити ДНК, протеините и клетките од оксидативното уништување, штити од болести на срцето и крвните садови и го забавува ширењето на одредени видови на рак.

Каде се наоѓа ликопенот?

Ликопенот е јак антиоксиданс од групата на каротеноиди. Тоа е црвен каротеноид, кој го има во овошјето и зеленчукот. Ликопенот го има во лубеницата, црвениот грејпфрут, гуавата, папајата, но најмногу го има во доматот. Ликопенот се наоѓа во лушпата на доматот.

За жал, од свежите домати нема да имате премногу корист, затоа што ликопенот во доматите станува активен само кога тие термички ќе се обработат во комбинација со маснотиите. Значи, најголема корист ќе имате од супа од домати и сосови.

Се претпоставува дека при готвењето на доматот, од него се ослободува ликопенот, и на тој начин тој полесно може да се апсорбира.

Доматите подготвени со маслиново масло се сметаат за вистински лек!

Лутеин: жолт пигмент кој телото само не може да го синтетизира, па затоа неопходно е да се внесува во телото. Депониран е во овие делови на телото, кои се најмногу изложени на оксидација (во очите и кожата), а се користи за одржување на здравјето на очите, кожата, срцето, матката и грлото на матката.

Бројни студии потврдиле дека луѓето кои консумираат повеќе храна богата со лутеин, имаат помал ризик за настанување на очно перде. Лутеинот помага и во зачувувањето на острината на видот.

Каде се наоѓа лутеинот?

Лутеинот го има во жолчката на јајцето, во зелениот лиснат зеленчук, во пченката, во броколата и во спанаќот.

 

Прочитајте и: