• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Ориз - здрава храна и лек

Оризот (Oryza sativa) е по потекло од тропската Азија и е основна храна на повеќе од половина жители во светот. Успева во скоро сите делови на светот, а особено во топлите и влажни предели. Постојат околу 1 000 врсти на ориз. Покрај тоа што оризот се користи за исхрана, тој се употребува и во индустријата, во козметиката и во медицината.

Оризот е извонредно хранлив (360 калории во 100 грама). Сиромашен е со масти, но богат со скроб, па затоа е лесно сварлив.

Оризот е богат со минерали. Најмногу има фосфор (116 милиграми) и калиум, а нешто помалку магнециум, калциум, манган, железо, сулфур, бакар, цинк, кобалт...

Од витамини, оризот најмногу содржи витамин Е и витамини од групата Б.

Поради својот биолошки состав, оризот не е само храна, туку и лек.

Уште во старата кинеска медицина, оризот играл важна улога. Неговите лековити својства ги признала и научната медицина: оризовата вода како природно средство против пролив, оризовото брашно во исхрана на доенчињата и децата.

Оризот има многу важна улога во диеталната исхрана. Сепак, напоменуваме дека денес оризот во исхраната погрешно се користи: излупен и глазиран (помалку вреден), наместо природен, интегрален.

Во старите кинески хроники, оризот се спомнува уште во 2 800 година пред нашата ера, а и денес е една од најважните култури во светот и основна храна на поголем дел од човештвото..

Во споредба со другите житарици, оризот има најголема енергетска вредност: 100 грама ориз содржи 1540 kj или 368 kcal. Од хранливи состојки најмногу има скроб (70–80 %), потоа белковини (6,5 %) и масти (0,7 %), а богат е и со минерали. Најмногу има фосфор (116 mg%) и калиум (98 mg%), а не се занемарливи ни количините на магнезиум, калциум, манган, железо, сулфур, бакар, цинк, кобалт, флуор.

Од витамини има витамин Е – во р`кулците, и скоро сите витамини од групата Б – во лушпата.

Во продажба може да се најдат 3 вида на ориз:

  • нелупен, т.е. онаков каков што ни го дава природата, познат како интегрален,
  • олупен, но неглазиран и
  • олупен и глазиран, каков што најчесто се користи, посебно во високоразиените земји, каде не се гаи, туку се увезува.
  • Разликата помеѓу овие 3 вида на ориз е огромна. Нелупениот и неглазираниот ориз не е на изглед така убав како глазираниот, но неговата прехрамбена вредност, богатство на витамини и минерални соли, е неспоредливо поголема отколку на глазираниот.

    Долготрајната исхрана исклучиво или претежно со излупен и глазиран ориз, а такви случаи има доста во светот, доведува до авитаминоза, т.е. до познатата болест „бери-бери“, која може да завржи со смрт.

    Кинезите го употребуваат оризот како основна храна.

    Во IX век во Азија се појавила болеста „бери-бери“ како резултат на недоволното внесување на витамини.

    Таа болест траела 50 години се додека не се дошло до заклучок дека машината што го преработувале оризот ја тргала обвивката на оризот, која била богата со витамини. Од тогаш почнал да се употребува интегралниот ориз, кој всушност е ориз со лушпа, кој е многу богат со витамини.

    Нелупениот ориз има, покрај другото, неспоредливо повеќе сирова целулоза, па затоа тој го поттикнува празнењето на цревата, го поттикнува излачувањето на желудечните и цревните сокови. Идеалниот однос на неговите биолошки состојки ја воспоставува рамнотежата во организмот.

    Поради големата содржина на скроб и калиум, како и поради неговата лесна сварливост, оризот се препорачува за диетално лекување на желудечното и цревното воспаление и на проливот.

    Научно е докажано дека оризот, поефикасно од било која друга житарица, го зголемува излачувањето на мочката, па затоа тој им се препорачува на лицата со водена болест, односно на лицата кои имаат отоци и насобрана течност во шупливите органи (во абдоменот–асцит и целодробната обвивка–плеврит).

    Исто така, со исфрлањето на поголемата количина на течности од организмот, се исфрла и вишокот на фосфор и белковини, што значително ги намалува ревматските тегоби, тегобите при гихт, кои се пратени со болки во зглобовите.

    Со водата се излачуваат и штетните материи од организмот, па ориз или оризова вода е природен лек за детоксикација на организмот.

    Оризот го намалува крвниот притисок

    Кога ќе се зголеми крвниот притисок, веднаш треба да се примени диета со ориз. Едноставно, болниот треба 2-3 дена да јаде само добро сварен и несолен ориз и обилно да пие чаеви за намалување на крвниот притисок.

    Ориз против долготраен пролив

    Мешавина од 3 супени лажици оризово брашно (од интегрален ориз) и исто толку сомлен јачмен се прелива со еден литар зоврена вода. Покопениот сад се остава да стои 2 часа. Кога ќе се олади, се додава сок од дренки или дуња. Оваа каша се јаде 3 пати дневно пред јадење.

    Ориз против воспление на дебелото црево

    Се ставаат 4 лажици оризово брашно, 2 големи лажици ориз, 2 големи лажици копива и боровинки. Оваа смеса се прелива со литар зовриена вода и после 2 часа се процедува. Течноста се пие засладена со мед од хељда.

    Оризот го зголемува излачувањето на урината – природен диуретик

    Се зема една шоља ориз, корен и лист од магдонос и целер. Се вари полека во еден литар вода. Кога оризот ќе се звари, се процедува и се пие течноста повеќе пати во денот.

 

Прочитајте и: