• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Зошто е здрава блитвата?

Блитвата е зелест зеленчук и е многу слична со спанаќот. Таа спаѓа во групата на ниско-калорични намирници, богата е со магнезиум, железо и витамин Б и Ц.

Покрај тоа, блитвата содржи материи кои се од особено значење за црвената флора. Целулозните влакна за себе ја врзуваат водтаа (а со тоа и мастите и отровните материи), го забрзуваат движењето на храната низ цревата и на тој начин се отстрануваат проблемите со варењето.

Високата концентрација на калиум, железо, магнезиум и витамин Ц, ја прават блитвата особено вредна намирница. Богата е со сложени јаглехидрати, така што претставува добар извор на гликоза, која е неопходна за работата на мозокот.

Помага при нервоза и недостиг на концентрација, го намалува нивото на мастите во крвта, ја штити слузокожата и поттикнува создавање на црвени крвни зрнца.

Блитвата е многу здрава намирница. Како и останатиот лиснат зеленчук, и блитвата има мала енергетска вредност. Така, 100 g блитва содржи 59 kJ ili 14 kcal, но содржи право богатство на витамини и минерали и други корисни и здрави состојки.

Блитвата содржи големи количеста на витамин Ц и каротин (провитаминА) и многу минерални соли. Од витамини, блитвата најмногу содржи витамин Ц (70 mg%), потоа витамин Б1 (0,09 mg%), Б2 (0,19 mg%) и ПП (0,8 mg%). Во 100 g blitva ima 6.000 IE каротин.

Во блитвата има 2,31 % сува материја, од што 4,83 % јагленохидрати, 2,0 % протеини, 3,44 % целулоза, 0,42 % растителни масла и 1,62 % минерални состојки.

Постојат две главни врсти на блитва: лисната, која развива розети од крупни, широки и меснати лисја, и т.н. ребреста блитва, која има силно развиено, сочно и меснато стебленце, односно петелка, со жолта, зелена или црвена боја.

Блитвата, како и другите видови на зелест зеленчук, делува поволно на здравјето на организмот. Таа ја зголемува одбрамбената отпорност на организмот. Содржи бројни антиоксиданси, кој се борат против штетните слободни радикали во организмот, па на тој начин делува превентивно на многу заболувања, вклучувајќи ги и малигните болести. Затоа, блитвата се смета дека е антиканцерогена намирница.

Бидејќи блитвата содржи железо, таа ја јакне крвта, ги прочистува крвните садови и помага при лекување на слабокрвноста, слично како и спанаќот.

Блитвата е секогаш присутна во диетеските програми за детоксикација на организмот. Таа го чисти телото од штетните отрови.

Идеалната количина на блитва по лице е 150-200 грама, бидејќи преголемата количина придонесува во цревата да се создадат одредени соединенија кои го спречуваат биолошкото искористување на калиумот.

Лиснатата блитва се користи во исхраната слично како и спанаќот – варена и измешана со компир, зачинета со маслиново масло. Додека е многу млада, блитвата може да се консумира и сирова, во вид на салата. Погодна е како додаток на многу јадења.

Ребрестата блитва има многу подолга петелка отколку лиснатата сорта, а листовите се нешто помали. Оваа врста на блитва, луѓето, најчесто поради незнаење, ја сметаат за помалку вредна, бидејќи мислат дека задебелената петелка занчи дека блитвата е стара и дека не е за употреба. Доколку домаќинките и набават ваква врста на блитва, тие ги фрлаат дебелите ребра и го користат само зеленото лисје. Сето ова покажува дека нашите домаќинки не знаат дека се работи за две различни врсти на блитва, од кои, секоја врста се користи со одредена намена, бидејќи нивното приготвување во домаќинството им е различно.

Ребрестата блитва се користи така да лисјата се припремаат посебно, како спанаќот, или во вид на салата, а дебелите, сочни и меснати ребра се варат или печат, врзани во снопчиња, како и спарглата или празот, па се преливаат со разни сосови.

 

Прочитајте и: