• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Болка
Неуростимулирачки процедури Печати
Индекс на артикл
Неуростимулирачки процедури
Хемиска неуромодулација
Несакани ефекти
Сите страници

Неуромодулација – терапија на 21 век

Брзиот развој на неуронауката, биоинжињерингот и микроелектрониката, овозможиле примена на нови методи на лекување, обединети под името неуромодулација. Станува збор за иновативна технологија на целна примена на електрични или хемиски стумуланси на поедини групи на нервни клетки, со што нивната функција се менува во смисол на остварување на саканиот тераписки ефект.

Во однос на терапискиот принцип, неуромодулацијата може да биде електрична или хемиска. Кај електричната неуромодулација, која уште е позната по називот неуростимулација, се користи нисковолтажна едносмерна струја, додека пак, кај хемиската неуромодулација се користат одредени лекови, најчесто морфинот (опиоиден аналгетик) и баклофенот (мускулен релаксатор). Акупунктурата е настара метода на неуромодулацијата.

Електична неуромодулација

Електичната неуромодулација (неуростимулација) подразбира континуирана стимулација на одредени делови на централниот, периферниот или автономниот нервен систем, со примена на нисковолтажна едносмерна струја која ја создава поставениот генератор. Елекричните импулси се спроеведуваат до местото на делување со систем на тенки поткожни електроди. Како резултат на тоа доаѓа до стимулирање, пригушување или ускладување на работата на стимулираните нервни клетки.

Користејќи ги овие механизми, електростимулацијата на нервните клетки во задните рогови на рбетниот мозок (т.н. неуростимулација на рбетниот мозок), доведува до прекин на спроведување на болните дразби, односно до неутрализирање на неуропатската болка. На прекинувањето на ненормалната и воспоставувањето на нормалната активност на нервните клетки во различните делови на мозокот (т.н. длабока мозочна стимулација) се базира примената на неуромодулацијата во лекувањето на неуропатска болка, депресијата, опсесивно-компулсивното пореметување, есенцијалниот тремор, дистонијата, Паркинсоновата болест. Неуростимулацијата на периферните нерви, нервните спретови или нивните корени, се користи во третман на фантомската болка или болката во ампутираниот екстремитет, кај уринарната и фекалната инконтиненција, сексуалните дисфункции и друго.

Неуростимулацијата на нервот вагус во пределот на вратот претставува нова форма на неуромодулаторната терапија, која се користи во лекување на тешките форми на епилепсија, кога со примената на максимални дози од лековите не е можно да се спречат епилептичните напади.